Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Захарова: Москва побара од Белград официјален став за продажбата на српско оружје на Украина
Македонија

Захарова: Москва побара од Белград официјален став за продажбата на српско оружје на Украина

03/03/2023

AA

Москва побара од Белград официјален став за информацијата дека српско оружје и е доставено на Украина, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

– Веќе побаравме од Белград да се изјасни. Ваквите изјави не треба да се даваат преку медиумите, ниту преку каналот Телеграм, ниту преку протекување информации, туку преку официјално објавениот став на српската страна, рече Захарова, пренесува ТАСС.

Таа додаде дека мора да се откријат фактите и врз основа на тоа да се извлечат соодветни заклучоци, бидејќи тоа е „исклучително важна тема за билатералните односи“.

Захарова претходно денеска изјави дека Москва е длабоко загрижена поради наводите за вмешаност на Србија во продажба на оружје на Украина.

– Внимателно ја следиме оваа приказна, обрнавме внимание на неодамнешната дискусија на оваа тема во српскиот парламент. Информациите што кружат, се разбира, предизвикуваат нашата најдлабока загриженост, изјави таа во коментарот објавен на веб-страницата на Министерството.

Претходно во руските медиуми и на каналите на Телеграм се појавија тврдења дека Србија тајно испорачала 3.500 ракети за ракетните системи „Град“ во Украина преку Турција и Словачка.

Рускиот портал „mash.ru“ неодамна објави дека во Украина се испорачани 3.500 ракети М21 од 122 мм од српската компанија Крушик. Порталот објави дека ракетите биле нарачани од Крушик од канадската компанија „ЈНЈ експорт импорт“, а сандуците со оружје биле пренесени од Србија во Турција, каде транзитот го вршела турска компанија преку која товарот отишол во Словачка, а потоа во Украина.

Компанијата Крушик неделава објави дека на ниту еден начин не е поврзана со продажба на проектили на краен корисник од Украина, јави Бета.

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ во понеделникот негираше дека Србија извезува оружје во Украина.

– Дали приватните компании купуваат на трети пазари и продаваат на компании во други земји не е прашање за Србија, тоа е меѓународна трговија. За нас тоа може да биде интересно разузнавачки, во смисла на информации, а не законски обврски или регулативи, рече Вучевиќ во српското Собрание, одговарајќи на прашањето на опозициски пратеник за тој случај.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy