Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАГИНА ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН, А СО НЕГО И БРАТ МУ И УШТЕ ДВАЈЦА СОПАТНИЦИ: Паднале со џипот во провалија длабока 300 метри во Босна
Регион

ЗАГИНА ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН, А СО НЕГО И БРАТ МУ И УШТЕ ДВАЈЦА СОПАТНИЦИ: Паднале со џипот во провалија длабока 300 метри во Босна

02/09/2024

AA

Трагична несреќа се случи денеска во местото Липничко брдо,
меѓу Какањ и Вареш, а во неа животот го загубија четири лица, меѓу кои и
сопственикот на компанијата „Делта Петрол“.

Како што претходно објави „Аваз“ се работи за двајца браќа,
а како што неофицијално дознава, се работи за Бакир Спахиќ, сопственик на
фирмата „Делта Петрол“ и неговиот брат С.С., и уште две лица чиј идентитет не е
познат.

Тие настрадале во теренецот кога паднале од шумскиот пат во
провалија длабока речиси 300 метри. При превртување на возилото телата
испаднале од џипот.

Истрагата се уште е во тек за да се утврдат сите детали за
оваа страшна несреќа. Како што е
потврдено, спасувачите на ГСС се на терен и ќе им помогнат на полициските
службеници на местото на инцидентот при извлекување на телото од длабоката провалија.

За оваа трагедија се огласи и градоначалникот на Какањ, Мирнес Бајтаревиќ.

Тој излегол на местото на настанот за да ги координира
активностите за цивилна заштита неопходни за извлекување на телата на жртвите.

– Ова е навистина голема трагедија. Какањ е во шок и
неверување. Длабоко сочувствувам со семејствата и со многу луѓе кои се длабоко
тажни откако дознаа за оваа тажна вест – рече градоначалникот Мирнес Бајтаревиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy