
📽️ ЗАЕВ СЕ НУДЕЛ ДА „ВДОМИ“ МИГРАНТИ, ФИЛИПЧЕ МОЛЧИ Видеото од 2018 година открива сè, вели Петрушевски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски ја обвини поранешната владата на СДСМ и нејзиниот поранешен лидер Зоран Заев дека пред четири години се нуделе да примат мигранти во Македонија.
Според него, видеото од тој период покажува како Заев сакал да гради мигрантски кампови и самиот се нудел да ги „вдоми“ мигрантите, а министерот Филипче за тоа не се противел.
– Ова е вистината за темата мигранти во Македонија. Јасно е кој сакал да доведе мигранти, а кој бил против истото. Хистеријата и лажните вести на СДСМ се рушат како кула од карти. За среќа на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и тогаш и сега води антиемигрантска политика – вели Петрушевски.
Тој додава дека веќе два дена нема одговор од Филипче и СДСМ на оваа тема, и дека тие избегнуваат новинарски прашања.
– Наместо да играат криенка, да одговорат колку мигранти биле спремни да примат во Македонија. Дали се гласни денес само затоа што во 2018 година биле спремни да доведат илјадници мигранти во Скопје? – праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
На крајот, тој истакна дека реформите во СДСМ се повеќе од потребни и дека народот им ја одржал лекцијата на последните три изборни циклуси.
.

