Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Заврши протестот за поддршка на екс лидерите: „ОВК беше војска на ослободување, достоинство и слобода, а не криминална организација“
Македонија

Заврши протестот за поддршка на екс лидерите: „ОВК беше војска на ослободување, достоинство и слобода, а не криминална организација“

13/12/2025

AA

Стотици демонстранти денеска пристигнаа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, пред почетокот на најавениот протест во поддршка на поранешните лидери на ОВК, на кои им се суди пред Специјализираните совети во Хаг.

Членот на Организацискиот совет на протестот, Берат Хајдари, изјави дека собирот е посветен на кауза која, како што рече, го допира срцето, идентитетот и колективната меморија.

Тој нагласи дека учесниците не ја негираат правдата, ниту се спротивставуваат на законот, туку бараат еднаква примена на правото и недозволување искривување на историјата.

„Не сме тука да ја негираме правдата, туку да ја бараме. Не сме против законот, туку потсетуваме дека законот мора да биде еднаков за сите и дека историјата не смее да се извртува“, порача Хајдари.

Во поддршка на поранешните водачи на ОВК се обрати и Хазган Хаклај, кој истакна дека ОВК, според него, не може да биде оцрнета, бидејќи претставува една од најсветлите епохи во современата албанска историја. Тој додаде дека денешниот протест во Скопје ги обединил Албанците од повеќе средини.

Своја порака упати и Шќипдона Мазари, ќерка на загинатиот борец Нури Мазари, која побара, како што рече, непристрасна, балансирана и независна правда за обвинетите во Хаг.

Таа нагласи дека ОВК била војска на ослободување, достоинство и слобода, а не криминална организација.

Протестот се одржува во време кога поранешни високи функционери на ОВК веќе неколку години се наоѓаат во притвор во Хаг, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, обвиненија кои тие ги негираат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026
Македонија

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен

03/08/2026
Македонија

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри

03/08/2026
Македонија

Двајца бугарски пратеници кои имаат забрана за влез во Македонија

03/08/2026
Македонија

Крадци влегле во црква во Трново, украле пари и бакарен

03/08/2026
Македонија

Со возило удрил во 4-годишно дете во Гостивар, итно е

03/08/2026
Македонија

Уапсена жена од Кратово кај локалитетот „Куклица“, нападнала посетители!

03/08/2026
Македонија

РЕАКТИВИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДРЕЧКО: Два „ер трактори“ го гаснат огнот

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја објави најновата состојба со пожарите на отворен простор на територијата на државата за

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен дожд во попладневните часови

03/08/2026

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри Дол

03/08/2026

По кривична пријава на Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Гостивар поведе постапка против четворица лица од селото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy