Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Заедно за одржлива иднина: ОКТА трета година донира соларни централи – повеќе енергија, помалку трошоци, почиста околина
Македонија

Заедно за одржлива иднина: ОКТА трета година донира соларни централи – повеќе енергија, помалку трошоци, почиста околина

02/12/2025

AA

Водејќи се од својата долгорочна определба кон одржливи решенија и унапредување на квалитетот на живот во заедницата, ОКТА реализираше нова донација во областа на обновливите извори на енергија. На покривот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром денеска беше пуштена во употреба фотоволтаична централа со вкупен капацитет од 19.680 kWp, која годишно ќе произведува околу 26.6 MWh зелена енергија. Преку функционирањето на оваа централа во училиштето во кое настава посетуваат 1.489 ученици, значително ќе се намалат трошоците за електрична енергија, и ќе се избегне емисија од 21.28 тони CO₂ годишно, што е значаен чекор кон поквалитетна и почиста животна средина.

Главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, нагласи дека ОКТА и натаму ќе продолжи да инвестира во зелена енергија.

„За нас е многу значајно што вложуваме во подобрување на условите онаму каде што придобивките најсилно ќе се рефлектираат – во образованието. Обезбедувањето енергија од обновливи извори, за училиштата има двоен ефект – од една страна ги намалува трошоците за електрична енергија и овозможува пренасочување на средства во образовните потреби, од друга страна пак, им помага на младите генерации од најрана возраст да ја разберат важноста  на грижата за животната средина и одговорното користење на ресурсите. Оваа, како и останатите фотоволтаични централи кои до крајот на годината ќе бидат донирани од страна на ОКТА на неколку образовни установи, јасно ги демонстрираат нашите заложби за поздрава и одржлива иднина“, потенцира Пасхос.

Покрај оваа централа, во рамки на широкото портфолио на општествено-одговорни активности, ОКТА годинава ќе реализира повеќе донации насочени кон подобрување на енергетската инфраструктура. Во наредниот период се планирани неколку инсталации на фотоволтаични системи, и тоа на ДСУРЦ „Искра“ во Штип, потоа на ОУРЦ „Кочо Рацин“ во Битола, како и на ДСУРЦ „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Секоја од овие централи поединечно ќе има капацитет од 19.55 kWp и очекувано производство на енергија од сончеви зраци од 26.4 MWh годишно. Ова ќе овозможи намалување на емисијата на CO₂ од 21.12 тони

„Поставувањето фотоволтаични централи е значаен чекор кон одржливост на училиштата и јавните установи, намалувајќи ја потрошувачката, и, што е уште позначајно, намалувајќи го влијанието врз животната средина. Го поздравуваме овој потег на ОКТА, кој што покрај директните заштеди, со кои ќе ни се ослободат средства за други развојни проекти, на најмладите им се дава вистински пример како се гради зелена иднина. Јас сум убеден дека ова ќе биде доволен мотив и за многу други компании да се приклучат кон обезбедувањето одржлива иднина за новите генерации“, порача градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески.

Овој и сите останати проекти кои што ќе се реализираат до крајот на годината се надоврзуваат на минатогодишните донации во обновливи извори, кога ОКТА постави фотоволтаични централи во основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Велес и во градинката „Детска радост“ во Гевгелија.

Претходно, во рамки на оваа стратегија за донаторски вложувања во зелена енергија беа донирани  централи и во градинката „Пепелашка“ во општина Центар во Скопје, во средното општинско економско училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Охрид, како и во основното училиште „Гоце Делчев“ во скопската општина „Илинден“. Компанијата, исто така, во рамки на платформата „ЈАС ВНИМАВАМ“, донираше фотоволтаични сообраќајни знаци во општина Центар, кои беа поставени во близина на повеќе основни училишта.

Преку континуирано вложување во обновливи извори, како и со поддршката кон образовните институции и општините, ОКТА ја потврдува својата посветеност кон зелена транзиција, продолжувајќи да биде активен партнер на институциите во изнаоѓањето решенија кои ја унапредуваат животната средина. Во моментов, компанијата покрива повеќе од 50% од сопствените енергетски потреби од чисти извори, а до крајот на првиот квартал од 2026 година ќе ги покрива целосно. Оперативниот CO₂ отпечаток на ОКТА ќе биде речиси нула.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy