Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГАЗДА ДЕКО МОЖЕ ДА ОДГОВАРА САМО ЗА НЕБРЕЖНОСТ, НЕ ЗНАЕЛ ДЕКА ДНК ДОНЕЛА ПИРОТЕХНИКА За синот на Јованов не е наведно никакво дејство во обвинението, а е третообвинет
Македонија

ГАЗДА ДЕКО МОЖЕ ДА ОДГОВАРА САМО ЗА НЕБРЕЖНОСТ, НЕ ЗНАЕЛ ДЕКА ДНК ДОНЕЛА ПИРОТЕХНИКА За синот на Јованов не е наведно никакво дејство во обвинението, а е третообвинет

02/12/2025

AA

Бранителката Ивана Коцевска, која го брани првообвинетиот за пожарот во Кочани, Дејан Јованов Деко, во својот воведен збор го нападна обвинителниот акт како контроверзен и неоснован, кој според неа, ќе донесе години судење, а нема да донесе правда.

Според неа, институциите со своето непостапување се одговорни за пожарот во „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а Јованов не е виновен затоа што немал свест, ниту можел да биде свесен дека постојат безбедносни пропусти, затоа што ниедна институција тоа не му го посочила во 13-годишното работење.

За самиот пожар, Коцевска посочи дека пиротехниката ја внеле членовите на бендот ДНК, а Деко не знаел дека групата ќе користи огномет. Таа додаде дека има докази дека во претходните настани кога во „Пулс“ се палеле огномети, Деко за тоа бил информиран и секогаш во клубот имало присутно лице за безбедна употреба на пиротехника.

– Ќе докажеме дека во дејствијата на Јованов не се исполнети елементите на кривичните дела што му се ставаат на товар. Одбраната беше ставена во неповолна положба со спојување на обвиненијата и со новото обвинение, без да ни достави докази. Јавното обвинителство сака да нѐ доведе во неповолна положба и на тој начин да стигне до правда – рече Коцевска.

Не браниме злосторство, додаде таа, туку и ние сме овде да побараме правда, но никој не треба предвреме да биде осуден.

– Дејан Јованов кривично се гони дека во соучесништво со други одговорни лица, од 2012 до 16.03.2025 година вршел незаконита угостителска дејност и договорил незаконска употреба на пиротехника. Обвинителството од нејасни причини, го терети Дејан за две посебни кривични дела, а не за едно, за да долови наводна посериозна репресивност. Кај него не постоела умисла и интелектуална свест, бидејќи инспекциската служба никогаш не му предочила никаков законски пропуст во врска со непреземени мерки за заштита. Со тоа може да се подвлече дека постои стварна заблуда од небрежност, а сторителот бил во заблуда за настапување на штетна последица, што во таков случај значи дека кривично не е одговорен. А во случајот, многу лесно ќе дојдеме до заклучок бидејќи постоела заблуда и за ова кривично дело може да одговара од небрежност, но не и за евентуална умисла. Јасно ми е дека при ваков настан првиот кон кого ќе го впериме прстот е токму газдата на локалот, но одговорот лежи во причината – рече Коцевска.

Одбраната има дадено приговор за две вештачења, кои не ги извршиле овластени вештаци запишани во регистар, а приговорот сега го проширува затоа што вештачењата не се поткрепени со наредби за вештачење, кои Јавното обвинителство е должно да ги достави.

– Како последица на непотребното усложнување на обвинението и на доказите ќе имаме тешка задача за правилно утврдување на фактичката состојба, која за жал, Обвинителството одлучи да ја цени 13 години наназад. Одбраната ќе ги разјасни сите нејасно опишани дејствија, затоа што во конфузното обвинение не е јасно кој за што е обвинет, што презел, а што не презел. Не велам дека не постои одговорност. Одговорност мора да има, но не со овој обвинителен акт. Не може тешката последица да придонесе некој однапред да биде осуден. Ние бранителите овде не сме да браниме злосторство, овде сме за правда. Кривичната постапка е јасно утврдена, а Кривичниот закон е јасен и повикува на одговорност за сторени дела за кои постојат докази со кои ќе се утврди вина надвор од секое сомневање – рече таа.

Јавното обвинителство го товари Јованов за соучесништво со други лица, дека за целиот временски период од 2012 до 2025 незаконито вршел угостителска дејност и не презел мерки за заштита.

– За да може да постои одговорност за двете кривични дела, на страна на обвинетиот треба да постои умисла, која има две компоненти – интелектуална свест, треба да е свесен дека со своето постапување или непостапување исполнува елементи на некое кривично дело, а втората компоненета е волевата, односно, тој се согласува со можната последица. Целосно ќе го оспириме делото за умисла околу пиротехниката, затоа што пиротехниката никогаш не ја договарал Јованов со ДНК. За пропустот во мерките на заштита ќе користиме дека немал интелектуална свест дека не презел мерки за заштита. Одбраната ќе докаже дека ова е директна последица на нестручното работење на надлежните инспекции и служби, кои никогаш не му предочиле никаков законски пропуст. Стварна заблуда поради небрежност, не бил свесен за можноста за штетна последица, иако бил должен. Одговорен е за небрежност, а тоа е предвидено и во делото Тешки дела против општата сигурност. Лесно ќе дојдеме до заклучок дека кај Јованов постоела отстранлива заблуда и дека може да одговара само за небрежност, но не и за умисла – рече таа.

Коцевска додаде дека има едно важно прашање, а тоа е која е причината за пожарот во „Пулс“.

– Тоа е незаконитата употреба на пиротехника, која била незаконито прибавена, непријавена во МВР, без дозвола за набавка и за употреба, а истата пиротехника не била пријавена и кај угостителот Јованов. Свесни сме дека оваа група користи пиротехника, но не знаевме дека своеволно ја носела и ја користела. За тоа имаме доказ од полициска станица, дека и претходно не пријавувале пиротехника. Сите ги сакаме ДНК, беа хуманитарци, но тоа, за жал, не го побива фактот дека нивната употреба на пиротехника не била законска и било прашање на време кога ќе се случи трагедија. Тоа се случи во локалот на Дејан, каде ниедна институција не му рекла дека не презел мерки согласно закон. Дејан не договорил и не му било кажано дека ќе се користи пиротехника. Секогаш кога претходно биле пријавувани пиротехники, Дејан ангажирал пиротехничар, кој проверувал дали пиротехниката е соодветна и безбедна за тој простор. Да, и претходно била користена пиротехника, но за тоа Дејан секогаш ангажирал стручно лице, за што имаме сведоци. По доказите ќе дојдеме до еден факт, дека кај Јованов нема казнена одговорност за Тешки дела протв општата сигурност – нагласи Коцевска.

За третообвинетиот Михаил Јованов, син на Деко, чиј бранител, исто така, е Коцевска, таа рече дека Обвинителството за него нема ниеден доказ и нема прецизирано ниедно дејствие дека сторил кривично дело.

– Немаше презумпција на невиност за Михаил, тоа резултираше со тешки психолошки последици. Тој се здоби со изгореници на кожата со трет степен, со повреди на дишните патишта. Ја загуби девојката, која загина во пожарот, со која беше во врска 10 години, како и најдобриот пријател и други познаници. Континуирано работеше со психолози за да ги отстрани самоубиствените мисли. Осуден е од јавноста. Не постои доказ дека учествувал во работењето на обвинетото правно лице и неговата подружница. Никогаш не фигурирал како сопственик или управител и не бил овластен да презема дејствија. Ќе докажеме дека од 2017 до 2021 бил редовен студент, а од 2021 до 2025 имал своја фирма за дистрибуција. А зошто Обвинителството не успело да прецизира барем едно дејствие на овој обвинет? Затоа што Михаил нема дејствија – рече Коцевска.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија во притвор, а 5 во

19/06/2026

Иако Основниот кривичен суд Скопје експресно ги одреди мерките за притвор на приведените во мега-скандалот во ФФМ, главниот предизвик за

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица приведени

19/06/2026

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала вкупно десет случаи на семејно насилство на подрачјата на Скопје, Кочани, Штип, Делчево, Велес и

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското

19/06/2026

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy