Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОВИД АКО ПОСТОЈАТ СИМПТОМИ: Носење маски во сите здравствени установи, Србија враќа дел од мерките
Регион

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОВИД АКО ПОСТОЈАТ СИМПТОМИ: Носење маски во сите здравствени установи, Србија враќа дел од мерките

19/09/2023

AA

Поради брзото зголемување на бројот на заразени со корона вирусот во Србија во
последните три недели, работната група на Министерството за здравство за
справување со состојбите од пандемијата, денеска се состана и даде препораки за постапување на ниво на примарна
здравствена заштита, болниците,
институциите, како и во однос на носењето маски во здравствените установи и
вакцинацијата.

Така, на ниво на примарна здравствена заштита, задолжително
е тестирање за КОВИД на сите вработени во здравствените установи, доколку имаат
симптоми на акутна респираторна инфекција и нивна задолжителна контрола и
тестирање откако ќе помине инфекцијата, како и тестирање на контакти со
ковид-позитивни лица во здравствени установи.

Беше истакната и важноста од тестирање на пациенти со знаци
и симптоми на акутна респираторна инфекција, пред се, а особено оние со ризик
фактори за развој на тешка клиничка слика. Работната
група зазеде став дека е неопходно да се носат заштитни маски во сите
здравствени установи.

Како што беше најавено по средбата, на ниво на болнички
установи неопходно е тестирање за прием на хематолошки и онколошки одделенија,
геријатрија и одделенија каде се лекуваат пациенти со примарна и тешка
имунодефициенција. Исто така, потребно е да се тестираат сите пациенти кои
имаат симптоми и знаци на акутна респираторна инфекција, во моментот на прием
на болничко лекување.

И покрај зголемувањето на бројот на заболени во последните
три недели, Работната група смета дека засега не е потребно дополнително
проширување на болничките капацитети.

Одлуката за забрана на посети во болница се носи поединечно

Во соопштението се наведува и дека Комисиите за спречување
на болнички инфекции се задолжени да ја следат епидемиолошката состојба во
здравствените установи и да донесат одлука за евентуална забрана за посета на
болници.

Од петокот се забранети посетите на Институтот за онкологија
каде се заразени околу 40 пациенти и десетина вработени.

Препораки за продолжување на вакцинацијата

Во соопштението на Батут по состанокот на работната група за
ковид, се наведува и дека вакцинацијата против ковид 19 се спроведува согласно
препораките на Стручната комисија за имунизација, а согласно
Стручно-методолошките упатства на Институт за јавно здравје на Србија.

Беше нагласена важноста на вакцинацијата против Ковид 19 и
вакцинацијата против сезонски грип (која може да се администрира истовремено
или во било кој временски интервал), со оглед на претстојната сезона на
респираторни инфекции.

ФОТО: YouTube Print Screen

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy