Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАБАВУВАЊЕТО НА ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА ЈА ЗГОЛЕМИ НЕВРБОТЕНОСТА – еве ги најновите проекции на економистите
Економија

ЗАБАВУВАЊЕТО НА ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА ЈА ЗГОЛЕМИ НЕВРБОТЕНОСТА – еве ги најновите проекции на економистите

12/03/2024

AA

Економското забавување кое е моментално на сцена ќе продолжи најмалку во првата половина од 2024 година, велат од Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ по објавата на Државниот завод за статистика, дека во четвртиот квартал од минатата година брутодомашниот производ порасна за 0,9 проценти. 

Од „Фајненс тинк“ укажуваат дека иако се очекува во првото тромесечие да остане растот понизкот, до крајот на годината домашната економија според нивните прогнози ќе достигне 2,7 отсто. 

Од Институтот укажуваат дека забавувањето на економијата започна особено неповолно да се одразува врз пазарот на трудот. 

– Во четвртиот квартал од 2023, БДП се зголеми за 0,9 отсто на годишна основа, со што целата 2023 заврши со еднопроцентен раст. Забавувањето на економската активност кое отпочна порано, благо се интензивираше до крајот на годината, со што ги потфрли сите проекции. Главен двигател на забавувањето и понатаму е надворешната побарувачка, а продолжија да се намалуваат и бруто инвестициите (-20,5 проценти), двете резултат на забавената активност и негативните стапки на раст на економиите од главните трговски партнери. Личната потрошувачка и понатаму релативно солидно порасна (3,7 отсто), главно движена од позитивниот реален раст на платите и од солидниот раст на другите доходни компоненти на населението. Првпат по извесен период на затегнување, јавната потрошувачка порасна (5,6 отсто), тенденција која е веројатно да продолжи и низ првата половина од 2024 година. Земјоделството забележа остар пад (-15,3 проценти), додека индустријата и градежништвото излегоа благо над негативната зона (1,6 отсто и 5,5 проценти, соодветно), по падовите во претходните квартали. Услугите забележаа поблаг раст споредено со пртходните квартали (1,6 отсто) – се наведува во анализата на „Фајненс тинк“.

Истакнуваат дека забавувањето на економијата започна особено неповолно да се одразува врз пазарот на трудот, за првпат по долг период на негови позитивни остварувања.

– Невработеноста во четвртиот квартал од 2023 се зголеми на 13 проценти (од 12,8 отсто во претходниот квартал). Вработеноста се намали на 45,5 проценти (од 45,7 отсто во претходниот квартал), додека активноста на пазарот на труд остана опадна на 52,2 отсто (од претходните 52,4 проценти) – појаснуваат од „Фајненс тинк“.

Од таму укажуваат дека во третиот квартал од 2023, инфлацијата се преполови на 3,4 отсто на годишна основа, од 7,8 проценти во претходниот квартал. Забавувањето е водено од намалувањето на глобалните притисоци кај храната и енергијата, од замрзнувањето на цените на избрани прехранбени производи, како и од исцрпувањето на преносот на инфлациските притисоци врз пошироката потрошувачка кошничка кој беше присутен во текот на годината.

– Економското забавување кое е моментално на сцена ќе продолжи најмалку во првата половина од 2024 година. Изгледите во поглед на инфлацијата стануваат поповолни, но зависат од критични домашни фактори. Finance Think ги задржува претходните проекции за раст на БДП во 2024 од 2,7 отсто и за раст на цените од 3,8 проценти – се посочува во нивниот најнов Макромонитор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy