Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За жалење ли е државниот ГТЦ? Само од паркингот лани наплати над 500.000 евра!
Економија

За жалење ли е државниот ГТЦ? Само од паркингот лани наплати над 500.000 евра!

11/07/2024

AA

Реалноста е сурова и покажува дека ГТЦ е компанија која најмногу приходува од одржување кое го наплаќа од кираџиите и од корисниците на околу 560 деловни единици (н.з. дуќани, кафиќи, ресторани). Приходите на ГТЦ од издавање се дури и помали од приходите што ги наплаќа од паркинг просторот. Камен околувратник на државната компанија е превработеноста. А тоа е потврдено и во извештајот на директорите. Но, заради мир во политичките коалиции на власт досега никој не посегаше да го решава најголемиот проблем. ГТЦ има дури 194 вработени, а главна дејност му е да одржува деловни простори во вкупна површина од 46.000 квадратни метри. Безмалку 50 отсто од целиот расход е за плати на вработените. И покрај подобрувањата на работните процеси од страна на менаџментот лани загубата на ГТЦ изнесува над 400.000 евра.

Наплатата на паркинг лани е втора најголема ставка во сите приходи на државниот Градски трговски центар (ГТЦ)Скопје, некогашната скопска гордост и најпрестижна и најпосетена локација за шопинг и забава. Официјалните податоци покажуваат дека ГТЦ лани од својот подземен паркинг наплатил 518.000 евра што е за 50 отсто поголем приход од оствареното во 2022 година. Според податоците од годишниот извештај менаџментот на државната компанија успеал солидно да ја зголеми ефикасноста на наплатата или пак тоа се должи тоа што паркирањето поскапело. Тоа ќе остане дилема затоа што за жал во годишниот извештај нема детално објаснување.

Анализатата на податоците од годишниот извештај покажува дека претежна дејност на државниот ГТЦ со 194 вработени е одржувањето. Од своите услуги за тековно одржување кое го наплаќа од кираџиите и од сопствениците на продавниците ГТЦ лани наплатил 3 милиони евра. Тоа е убедливо најголемата приходна ставка во структурата на вкупните приходи кои лани изнесувале 4,1 милиони евра.

Од наемнини што треба да биде неговата основна дејност, барем на хартија, компанијата наплатила 368.000 евра. Приходот од нивната куглана „Мусандра“ лани изнесува 15.000 евра.

Кај расходите најголемо е учеството на трошоците за вработените. Во тотал тие изнесуваат 1,57 милиони евра. Од тоа за нето плати на 194 вработени се издвоени 1,05 милиони евра. За К-15 се издвоени 62.000 евра. Просечната нето плата по вработен е меѓу пониските во државата, и изнесува 27.867 денари по вработен.
Кога се анализираат расходите вреди да се истакне и тоа што лани ГТЦ за струја платил 815.000 евра, а за топлинска енергија (градско парно) потрошиле 539.000 евра.

Вкупните расходи на друштвото лани изнесувале 4,54 милиони евра, а фирмата втора година по ред завршува со загуба во работењето. За лани таа изнесува 458.000 евра.  

Податоците од годишниот извештај потврдуваат дека ГТЦ е само државно претпријатие за оддржување. Затоа што од вкупно 595 деловни единици ГТЦ располага само со 116 деловни простори со вкупна површина од околу 10.700 квадратни метри. Од нив издадени се само 70 деловни простори со површина од 6.500 квадратни метри. Дури 479 дуќани во ГТЦ се во приватна сопственост, а нивната корисна површина е над 35.600 квадратни метри. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ

11/10/2026
Македонија

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица

11/10/2026
Македонија

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време,

11/10/2026
Македонија

ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети

11/10/2026
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу

11/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА САКА ЕВРОПСКА ИДНИНА СО ИСПРАВЕНА ГЛАВА Мицкоски повика на

11/10/2026
Македонија

ШЕСТМИНА ПОЛИЦАЈЦИ СУСПЕНДИРАНИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ ДВАЈЦА АЛБАНЦИ Ќе одговараат

11/10/2026
Македонија

НА 11 ОКТОМВРИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАСТАНА НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА Николоски

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46113
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ СНИМИ ЗА ТИК ТОК Две

11/10/2026

Две кривични пријави доби возачот на мотоцикл кој дивееше на булеварот Партизански одреди во Скопје, соопшти полицијата. На 10.10.2026 било

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица возачи

11/10/2026

Полицијата казни четворица возачи кои со возила блокирале булевар во Скопје додека оделе на свадба. Во видеото кое било споделено

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време, ги пронашла косовската служба за

11/10/2026

Безбедно се извлечени двајца странски државјани од Пирибег денеска, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Утрово во 08:22 часот,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy