Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За зелена енергетска транзиција насушно ни се потребни  нови рудници
Македонија

За зелена енергетска транзиција насушно ни се потребни нови рудници

14/12/2023

AA

Планетата Земја забрзано се загрева и црвениот аларм веќе е вклучен. Глобалното затоплување претставува ризик фактор кој може да предизвика суша, недостиг на вода  и да доведе до непоправливи ефекти врз животната средина.  Токму заради овие опасности, еден од последните договори кој се потпиша  е т. н Зелен договор на Европската Унија кој има јасна цел- климатски неутрална и поотпорна Европа до 2050 година. Ова значи дека европските  држави  се обврзуваат за премин кон зелена енергетска транзија. И Македонија исто така ветува посветеност кон овој Договор, кој предвидува  намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, зелена транзиција кон обновливи извори на енергија, зголемување на енергетската ефикасност, воспоставување циркуларна економија.

Што значи „зелена енергетска транцизија“

Ако ги следиме информациите во домашните медиуми, на оваа тема не се посветува речиси никакво внимание. Од време на време, темата се појавува во некоја емисија или некој текст на он – лајн медиумите. Што значи зелената транзиција во нашиот секојдневен живот?  Пред да може да инсталирате соларен панел на покривот, да се возите во електричен автобус или автомобил,  производителите прво треба да се „фатат“ за клучните метали и минерали, како бакар, никел, литиум, алуминиум итн.

Енергетската транзиција се однесува на промената на глобалниот енергетски сектор од системи за производство и потрошувачка на енергија засновани на фосили – вклучувајќи нафта, природен гас и јаглен – кон обновливи извори на енергија како ветер и сончева енергија.

Во многу случаи, енергијата на ветерот стана поевтина од традиционалните извори на енергија кои имаат  висока содржина на јаглерод.Транзицијата на зелената енергија, процесот на префрлање од фосилните горива кон обновливите извори на енергија како што се соларната, ветерната, хидроелектричната, геотермалната, водородната или енергијата од биомаса, е од клучно значење за ограничување на глобалното затоплување.

Каде е тука клучната улога на секторот „РУДАРСТВО“?

Улогата на рударството во зелената енергетска транзиција е до толку значајна  што слободно можеме да кажеме дека без рудници за бакар нема да има никаква зелена енергетска транзиција. Побарувачката за рудни богатства во наредниот период ќе продолжи забрзано да расте, затоа што „зелената транзиција“, односно преминот на одржливи извори на енергија не е можен  без користење на разновидни метали. Тоа денес е едно од најзначајните прашања за Европската унија.

На пример, за да се префрли на користење на 100% обновлива енергија, на светот ќе му треба онолку бакар во следните две децении колку што до сега светот има искористено бакар  од почетокот на цивилизацијата.

Бакарни жици, ќе бидат потребни за речиси секоја компонента на оваа промена, од уредите и автомобилите напојувани од зелени извори на енергија до обновливите централи и самите соларни панели.

Среброто е потребно за суперпроводни жици во турбините на ветер, а огромни количини на никел и литиум исто така ќе бидат неопходни за изградба на батериите за складирање на електрична енергија од обновливи извори.

Додадете ги на тоа алуминиумот и железото кои се клучни за изградба на инфраструктура за зелена енергија.

За среќа, овие метали се широко распространети и се наоѓаат во повеќето земји, вклучувајќи го и поголемиот дел од Европа.

Европа мора да стане рударски континент и независна од ресурси

Ако Европа не стане рударски континент, ќе стане зависна за ресурси од земји како Кина, особено кога станува збор за литиум, а да се биде зависен од меѓународните синџири на снабдување за клучни ресурси е неодржливо.

Затоа во државите низ Европа  веќе работат модерни рудници кои не значат „згура“ и „јаловишта“, тоа што е случај за застарените рудници. Рударскиот сектор во денешниот свет на иновации е свртен кон т.н „рударство без нарушување“ (Non-disruptive mining )  и овде Шведска е пионeр.  Во овој контекст,  рударството треба да се види она што е, а тоа е основата на зелената енергетска транзиција и енергетската независност на Европа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Ако се врати во Македонија, Никола Груевски веднаш ќе

14/04/2026
Македонија

Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа

14/04/2026
Македонија

Мицкоски: Очекувам Маѓар да води проевропски политики, за Груевски веќе

14/04/2026
Македонија

ПИЈАН ВОЗАЧ УДРИ ВО ПИЈАН ПЕШАК ВО ОХРИД И ИЗБЕГА

14/04/2026
Македонија

Филипче: Со падот на Орбан, ќе бега ли Груевски во

14/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НАМЕСТО ДА ГО ОПРАВИ СДСМ, ВРЕМЕТО ГО ТРОШИ НА

14/04/2026
Македонија

Крај на уцените и ветата? Најавата за гласање со квалификувано

14/04/2026
Македонија

ОБЛАК ОД САХАРСКА ПРАШИНА ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА Времето ќе биде

14/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42450
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Ако се врати во Македонија, Никола Груевски веднаш ќе оди во затвор

14/04/2026

Доколку поранешниот премиер Никола Груевски се врати од Будимпешта во Македонија, тој веднаш ќе биде спроведен во затвор, изјави актуелниот

Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа игра?

14/04/2026

Додека бројот на рудари во Македонија опаѓа, светот влегува во интензивна трка за критични минерали неопходни за зелената и дигиталната

Мицкоски: Очекувам Маѓар да води проевропски политики, за Груевски веќе е побарана екстрадиција

14/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше изборната победа на Петар Маѓар во Унгарија и ги сподели своите очекувања за идната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy