Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Со падот на Орбан, ќе бега ли Груевски во Русија или ќе се врати во Македонија?
Македонија

Филипче: Со падот на Орбан, ќе бега ли Груевски во Русија или ќе се врати во Македонија?

14/04/2026

AA

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, отвори серија прашања за иднината на поранешниот премиер Никола Груевски, поттикнати од политичките превирања во Унгарија и најавите на новата власт во Будимпешта.

„Се поставува прашањето што ќе прави Никола Груевски сега кога веќе го нема својот заштитник во Будимпешта? По години уживање гостопримство, дали тој ќе бега во Русија или на друго место, или пак ќе се врати во Македонија за да ја отслужи затворската казна?“, изјави Филипче.

Филипче ја поздрави изјавата на Петер Маѓар, мандаторот за состав на новата унгарска влада, кој вети дека државата повеќе нема да биде прибежиште за лица кои бегаат од законот. Маѓар во своето последно обраќање беше дециден дека тоа важи и за Груевски.

Лидерот на опозицијата упати директни критики и до македонската Влада, барајќи конкретни чекори во новонастанатата ситуација.

„Го поставуваме прашањето до Владата на ВМРО-ЗНАМ: Дали е поднесено ново барање за екстрадиција на Груевски? Ако не е поднесено, зошто се чека и дали планираат тоа да го сторат уште денес?“, истакна Филипче.

Прашањето за екстрадицијата на Груевски се актуализираше по изборниот пораз на Виктор Орбан, чија влада во 2018 година му додели политички азил на поранешниот македонски премиер. Со доаѓањето на Петер Маѓар, кој најавува радикално расчистување со досегашните пракси, позицијата на Груевски во Будимпешта станува неодржлива.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПО СТУДЕНОТО УТРО СЛЕДУВААТ ДОЖД И ОБЛАЦИ Температурите ќе паднат

24/11/2026
Македонија

БЕЗ КОМУНАЛИИ ЗА ИЗГРАДБА НА КУЌА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ И СТУДЕНТСКИ

24/11/2026
Македонија

МВР ГО ОТКРИ ЧОВЕКОТ ШТО МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА НОВИНАРОТ

24/11/2026
Македонија

ПО 104 ПРИЈАВИ ЗА ПРОБЛЕМОТ СО КРАВИТЕ, НОВ ИНЦИДЕНТ СО

24/11/2026
Македонија

БУЏЕТОТ ЗА 2027 НОСИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО Бојковска најави

24/11/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ ОТКРИ ШТО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИТНАТА ПОМОШ Нов центар,

24/11/2026
Македонија

СО ПАРАМЕДИЦИ ЌЕ СЕ ПОПОЛНУВА КАДРОВСКАТА ПРАЗНИНА ВО ИТНАТА ПОМОШ

24/11/2026
Македонија

СКОПЈЕ ТРИ ДЕНА БЕШЕ ЦЕНТАР НА НАУКАТА И ИНКЛУЗИЈАТА Заврши

24/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46914
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПО СТУДЕНОТО УТРО СЛЕДУВААТ ДОЖД И ОБЛАЦИ Температурите ќе паднат до минус 8, а потоа

24/11/2026

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот

БЕЗ КОМУНАЛИИ ЗА ИЗГРАДБА НА КУЌА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ И СТУДЕНТСКИ ПОПУСТИ Конески ги образложи мерките

24/11/2026

Три мерки за поддршка на младите, меѓу кои 20 отсто поевтини станови за млади брачни парови до 35 години, ослободување

МВР ГО ОТКРИ ЧОВЕКОТ ШТО МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА НОВИНАРОТ ЛАНДОВ Станува збор за 38-годишен

24/11/2026

Полицијата го утврдила идентитетот на лицето кое преку Фејсбук упатило заканувачки коментар кон новинарот и водител на подкастот „Претрес“, Кристијан

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy