Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Крај на уцените и ветата? Најавата за гласање со квалификувано мнозинство во ЕУ носи клучни гаранции за Македонија
Македонија

Крај на уцените и ветата? Најавата за гласање со квалификувано мнозинство во ЕУ носи клучни гаранции за Македонија

14/04/2026

AA

Најавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за преминување кон одлучување со квалификувано мнозинство во надворешната политика на Европската Унија, отвора сосема нова перспектива за политиката на проширување. За Македонија, оваа системска промена наметнува една клучна придобивка – историска гаранција дека по евентуалното внесување на Бугарите во Уставот, евроинтегративниот пат повеќе нема да биде заложник на нови билатерални блокади.

Во својата честитка до унгарскиот опозиционер Петер Маѓар, осврнувајќи се на враќањето на Унгарија на „европскиот пат“ и потребата од реформи во рамките на Унијата, Фон дер Лајен јасно стави до знаење дека досегашниот принцип на апсолутна едногласност станува нефункционален.

Што значи ова за македонските евроинтеграции?

Иако изјавата е дадена пред сè во контекст на досегашните опструкции од страна на Будимпешта, нејзината тежина има директни импликации врз македонското досие. Македонија со децении е најголемата жртва на правото на вето на одделни земји-членки, кое се злоупотребуваше за наметнување историски и билатерални барања кои драстично отстапуваат од Копенхашките критериуми.

Доколку Европската Унија го операционализира гласањето со квалификувано мнозинство во надворешната политика – каде што се носат и важните одлуки за отворање и затворање на преговарачките кластери – тоа суштински ги менува правилата на игра:

Укинувањето на принципот на едногласност и преминувањето кон систем каде што мнозинството земји-членки одлучуваат за напредокот, практично се претвора во најцврстата гаранција што Брисел може да ѝ ја понуди на Македонија. Тоа би значело дека компромисот за уставните измени би бил последната политичка пречка пред отворањето на реалниот, технички пат кон полноправно членство во европското семејство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ Ќе се следат

23/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ

23/11/2026
Македонија

ЛАЖЕЛ ДЕКА ТУРЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ПРЕСТОЈОТ, ПА ЗЕЛ ПОТКУП

23/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки

23/11/2026
Македонија

САЈБЕР-НАПАД ВРЗ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Дигиталните сервиси се обновуваат, од

23/11/2026
Македонија

ВЕЛЕШАНЕЦ, КОЈ ЧУВАЛ 10 КУЧИЊА, ПОЧИНАЛ, КУЧИЊАТА ГЛАДУВАЛЕ ЗАТВОРЕНИ Успешно

23/11/2026
Македонија

СУБВЕНЦИИ ЗА ВОЗАЧКИ ИСПИТ ЗА МЛАДИ БИТОЛЧАНИ Еднократна финансиска поддршка

23/11/2026
Македонија

СМРТТА КАЈ СМИЛКОВЦИ СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО Тошковски потврди дека

23/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46898
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ Ќе се следат нападите и заканите, најавени се

23/11/2026

Формиран е Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите, нов меѓуинституционален механизам чија цел е подобрување на безбедноста на

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ КАЛКУЛАЦИИ Јаревски вели дека реформската

23/11/2026

Македонија е меѓу најуспешните држави во исполнувањето на реформските обврски и искористувањето на европската поддршка, а напредокот кон Европската Унија

ЛАЖЕЛ ДЕКА ТУРЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ПРЕСТОЈОТ, ПА ЗЕЛ ПОТКУП Полицаец од Долно Блаце дел

23/11/2026

Полицаец на граничниот премин Долно Блаце побарал и примил пари за да им овозможи влез во Македонија на двајца турски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy