Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Уапсените мажи одат на психијатриско вештачење?
Регион

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Уапсените мажи одат на психијатриско вештачење?

15/04/2024

AA

Двајцата мажи кои се во притвор за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор ќе бидат упатени на психијатриско вештачење во Специјалната затворска болница во Белград.

С.Ј.(50) и Д.Д.(50), ќе бидат упатени на психијатриско вештачење во Специјалната затворска болница во Белград, штом ќе се исполнат условите. Вишото јавно обвинителство во Заечар наложило осомничените да бидат донесени на психијатриско вештачење во оваа институција, пишува српски Мондо.

Покрај психијатриското вештачење на осомничените, Обвинителството во Заечар ќе преземе уште најмалку пет доказни дејствија во предметот против двајца вработени во ЈКП Бор Водовод, кои се сомничат дека прво со службен автомобил ја удриле девојката, а потоа ја задавиле и го сокриле нејзиното тело кое не е пронајдено. Вишото јавно обвинителство во Заечар истовремено работи на испрашување сведоци, испитување на базните станици, телефоните на осомничените, како и на ДНК прегледи, вклучително и гардеробата на осомничените.

Еден сведок ќе биде сослушан денеска, тоа е мајката на осомничениот Дејан Драгијевиќ, С.Д. и таа ќе биде единствената со право да не сведочи бидејќи е блиска роднина на осомничениот, а осомничен е таткото на осомничениот Д.Д. за друго кривично дело во овој случај помагање на синот по убиството.

Taткото на еден од убијците рекол дека нема да ја открие локацијата каде е телото. 

Девојчето исчезна на 26 март. Полицијата уште го бара телото. Тие проверуваа повеќе локации во селото Злот, од каде се убијците. Уапсените веќе беа на полиграфско тестирање. Убијците се припадници на влашкото малцинство во Србија поради што имаше реакции од Власите дека не сакаат да бидат етикетирани како етничка група. 

фото: Принтскрин/Социјални мрежи

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ангелов со апел до сопствениците на викендички: Исчистете ја околината

20/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ стартуваше и за странци – чекањето за наплата

20/08/2026
Македонија

Синдикалната кошница во август достигна 68.675 денари, за еден месец

20/08/2026
Македонија

Лажен лекар измамил жена од Пробиштип за 2.500 евра

20/08/2026
Македонија

Ислам Абази нема да бара нов мандат на чело на

20/08/2026
Македонија

Млечни производи повлечени во Косово, дел од нив се продавале

20/08/2026
Македонија

АХВ побара вакцини против сипаници кај овците од ЕК и

20/08/2026
Македонија

Леб по 126 денари, душеци од 1,1 милион и неевидентирана

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45140
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ангелов со апел до сопствениците на викендички: Исчистете ја околината и направете противпожарни пресеки

20/08/2026

Заштитата на куќите и викендичките од шумски и полски пожари мора да започне пред огнот да стигне до нив, порача

„Сејф Сити“ стартуваше и за странци – чекањето за наплата на казната ги револтираше туристите

20/08/2026

Километарски колони се создадоа денеска на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, откако започна примената на системот „Безбеден град“ и за

Синдикалната кошница во август достигна 68.675 денари, за еден месец поскапе за 177 денари

20/08/2026

Трошоците за основните животни потреби повторно бележат раст, покажуваат најновите податоци на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Синдикалната минимална

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy