Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА ТОЈ ШТО КУПУВА Е СКАПО, ЗА ОНОЈ ШТО ПРОДАВА Е ЕВТИНО: Граѓаните се ценкаат на пазарите за да заштедат
Економија

ЗА ТОЈ ШТО КУПУВА Е СКАПО, ЗА ОНОЈ ШТО ПРОДАВА Е ЕВТИНО: Граѓаните се ценкаат на пазарите за да заштедат

21/08/2023

AA

На социјалните
мрежи од граѓаните има поплаки дека овошјето и зеленчукот оваа година се скапи.
Но, со оваа теза не се согласуваат оние кои продаваат на зелените пазари. Тие
велат дека тоа се реални цени за да можат да опстанат.

Трговците и
земјоделците кои продаваат на тезгите на пазар забележале дека сега граѓаните
почесто се ценкаат за да заштедат. Велат дека тоа е последица на беспарицата,
но и на менталитетот. Ценкањето не носи некоја голема заштеда, но граѓаните го
ценат секој денар.

„Тоа е навика и
немање пари. И нас нè чини, тезга, ѓубриво, нафта, а маката плус, тоа
никој не ни го признава, високи температури, помалку род. Има луѓе кои ќе
поминат, ќе кажат дека е скапо и заминуваат. Купувачот се обидува да се ценка,
па сега ако успее добро, ако не пак добро. Ако му кажам цена од 80 денари,
прашува дали може за 70 денари и за 10 денари се враќа и прифаќа да купи. Тој
си прави математика, овде 10, онде 10 денари за да заштеди. Но, има и богати луѓе кои се
ценкаат“, вели кумановка која неколку години продава на Зелен пазар.

Друга повозрасна
жена објаснува дека пред 10 или 15 години ценкањето било реткост.

„Порано не се
ценкаа. Јас сум 30 години на тезга. Немањето пари е фактор. Немаат пари и се
ценкаат. Пред 15 години, купувачите доаѓаа и кажуваа од кој производ колку ќе
земат, за пари не прашуваа“, рече Ленка Андонова, трговец.

Пазарџиите тврдат
дека попуштаат ако некој зема поголема количина домати, пиперки или ако знаат
дека купувачот навистина е финансиски загрозен, затоа што во помалите градови
луѓето познаваат голем дел од своите сограѓани.

„Луѓето се бунат,
велат дека им е скапо. Кој има пари не се ценка, кој нема се ценка. Ако видиме
дека човекот навистина нема пари, правиме попуст. Гледаме некако да помогнеме“,
вели Фатмир, трговец.

Некои граѓани се
ценкаат, а други се срамат
да го прават истото.

„Срам ми е,
непријатно ми е. Секој си има цена на производот, толку чини и затоа ја
ставил. Јас мислам дека има нешто и од
сиромаштијата, но и до менталитетот е. Што ќе заштедиш со 10 денари? Или пак
може да се обидеш да се ценкаш, а да не ја спушти цената и што ќе добиеш со
тоа? Ако земаш 10 килограми домати, може да ти попушти, да биде поевтино, ама
за еден килограм, тешко“, рече Роза Арсовска, граѓанка.

Друга пензионерка
вели дека ако не се ценка, нема да може да го помине месецот.

„За некои работи
се ценкам. Попуштаат трговците. Во маркет нема ценкање, освен ако има некој производ поевтин на акција
пред истек на рок. Со 15.000 денари како ќе го поминеш месецот?“, рече Савета
Петковска, пензионерка.

Цените на
земјоделските производи се повисоки од лани. Наскоро е можно да имаме
поскапување на лебот, а сточарите велат дека млечните производи ќе поскапат за
30 отсто. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал

10/08/2026
Македонија

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44949
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати имаат еднаков третман

10/08/2026

Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската полиција одзела документација

10/08/2026

Истрагата за случајот со загадувањето на водата во Гостивар е во напредна фаза, а досега е обезбеден значителен дел од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy