Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 📷 „ЗА СРАМОТА СМЕ, НИШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА, А НИЕ СМЕ ВРЕЌИ ЗА БОКСИРАЊЕ!“ На грчките полицајци им прекипе од новиот систем за гранична контрола
Македонија

📷 „ЗА СРАМОТА СМЕ, НИШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА, А НИЕ СМЕ ВРЕЌИ ЗА БОКСИРАЊЕ!“ На грчките полицајци им прекипе од новиот систем за гранична контрола

17/04/2026

AA

Примената на новиот систем за биометриска регистрација и контрола на патници од трети земји, согласно европската директива „Систем за влез/излез (Entry/Exit System)“, доведе до срамни сцени: редици, метеж, нервоза и на крај, изливи на гнев кон оние кои не се виновни-полицајците, кои уште еднаш функционираат како „вреќи за бокс“, пишува во соопштението од Унија на полицајци од Килкис (Кукуш), кои посочуваат дека е неприфатливо она што се случува последниве денови на влезно-излезните пунктови на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од синдикатот на полициските службеници од општината во чии рамки е и граничниот премин Евзони кон нашата земја, коментираат дека „уште еднаш, полицајците и граѓаните стануваат сведоци на импровизацијата, неорганизираноста и бесчувствителноста што често ја карактеризираат грчката држава“.

Посочуваат дека иако примената на конкретниот систем беше позната со години, не биле преземени никакви мерки од Грција за: „суштинско, правилно и навремено просторно унапредување на граничните премини Евзони и Дојран, за да се овозможи непречено спроведување на биометриските проверки и регистрација“; за надградба и на застарените интернет линии и на инфраструктурата, но и дека земјата не презела мерки, алтернативно да побара одложување на примената на системот сè додека не се унапредат потребните инфраструктури и мрежи.

– Ништо од ова не беше реализирано. Резултатот: веќе имаме срамни сцени на границите. Чекање, тензии, граѓани кои ги напуштаат своите возила за да се заврши регистрацијата, па дури и бебиња кои полицајци ги поставуваат пред камерите за земање податоци на самите сообраќајни ленти. И сето тоа, пред почетокот на туристичката сезона, кога колони возила и патници, во мнозинството државјани на трети земји, ќе пристигнат во земјата, соопштија од Унијата.

Велат дека потребно е итно дополнително зајакнување на граничните премини и нагласуваат дека ќе продолжат динамично да го истакнуваaт овој проблем.

Паралелно објавија и фотографии од граничниот премин Евзони со редици возила, но и редица туристи кои чекаат да бидат регистрирани преку новиот ЕЕС систем на ЕУ за државјани на трети земји.

Претседателот на Унијата на полициски службеници од Килкис Христос Карјотудис во разговор со дописничката на МИА од Атина, непосредно пред почетокот на пилотската имплементација на системот во октомври минатата година, предупреди дека ЕЕС може дополнително да го отежне функционирањето на преминот и оцени дека може да донесе и дополнителни доцнења и зголемување на времето на чекање на границите.

Фото: Унија на полицајци од Килкис

Минатата седмица, на 10 април започна целосна примена на ЕЕС системот на надворешните граници на Европската Унија, откако делумно почна да се применува од 12 октомври лани.

Влезот и излезот за државјани на трети земји се евидентира електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија) сè со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој во согласност со правилото 90 дена во период од 180 дена.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
Македонија

ВОЗОТ СКОПЈЕ – ПРИШТИНА МОЖЕ ДА ТРГНЕ ВО 2027 ГОДИНА

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46068
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ Левица,

08/10/2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник снег на планините

08/10/2026

Времето во петок, 9 октомври, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите добија оценка „импресивно“ од Европската

08/10/2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги демантирала лагите со кои лидерот на СДСМ Венко Филипче и опозицијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy