
За снимање со дрон во Скопје и Кочани приведени осум лица од Македонија, Србија и Бугарија
На 18.03.2025 во Полициската станица Центар во Скопје бил извршен службен разговор со С.М.(34) од Сопиште, скопско, Ј.С.(24) од Кочани, Е.Ш.(43) од Скопје, Ј.П.(28) од Скопје, М.Д.(45) од Скопје, М.Ј.(36) од с.Гершиан, битолско и М.Ѓ.(51) од Република Србија.
За време на јавниот собир на Плоштад „Македонија“ во Скопје тие биле затекнати како управуваат дронови без претходно да ја најават активноста.
Исто така, во 19 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го привеле А.Д.(38) од Република Бугарија затоа што бил затекнат ккао управува и снима со дрон без соодветно одобрени од надлежна установа.
По извршените разговори сите лица биле ослободени.