Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ова се најсериозните инциденти и пожари во дискотеки
Македонија

Ова се најсериозните инциденти и пожари во дискотеки

19/03/2025

AA

Пожар предизвикан од пиротехнички средства ги однесе животите на 59 млади лица во дискотека во Кочани. Пожарот избувна во неделата во раните утрински часови за време на концертот на популарниот бенд ДНК. Вкупно 155 лица се со различен степен на изгореници и повреди.

Ова е преглед на некои од најсериозните инциденти и пожари во дискотеки.

2 април 2024 година, Турција – 29 мртви

На 2 април 2024 година, избувна пожар за време на реновирање во дискотеката „Маскарад“, лоцирана на приземјето и подрумот на 16-катната станбена зграда во квартот Бешикташ во Истанбул. Загинаа 29 лица. Шест лица се приведени во тековната истрага за инцидентот со толку многу жртви.

1 октомври 2023 година, Шпанија – 13 мртви

На 1 октомври 2023 г. 13 лица загинаа во пожар во ноќен клуб во Мурсија, југоисточна Шпанија. Четири лица се хоспитализирани откако вдишиле чад. Пожарот започнал во дискотеката Фонда Милагрос, но пламенот се проширил на уште две дискотеки – Театар и Голден. Во 2022 година Дискотеката добила наредба од градското собрание на Мурсија да ги затвори вратите бидејќи фирмата која управувала со објектот имала дозвола само за една дискотека – „Театар“, а во истата просторија отворила и втора – „Фонда Милагрос“, во која биле пронајдени телата на загинатите во пожарот.

5 ноември 2022 година, Русија – 15 мртви

На 5 ноември 2022 г. 15 лица загинаа во пожар во ноќен клуб во градот Кострома во Русија. Пожарот избувнал во раните утрински часови откако непознато лице испукало пламен. При пожарот се урнал покривот на зградата.

2 декември 2016 година, Калифорнија – 36 мртви

На 02.12.2016 г. 36 лица загинаа во пожар што избувна за време на ноќен музички фестивал во магацин во Оукленд, Калифорнија. Зградата беше преполна со мебел, статуи, светилки и други гломазни предмети, без јасно означен влез, излез или пат за бегство од пожар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пеколен викенд: Температури над 33 степени, во вторник нестабилно време

18/07/2026
Македонија

Сѐ поголема загриженост во Гостивар: Граѓаните тврдат дека бројот на

18/07/2026
Македонија

Почина Нури Бајрами, долгогодишен правник и поранешен заменик-претседател на ДКСК

18/07/2026
Македонија

Над 5.200 ученици и студенти сместени во домовите низ Македонија,

18/07/2026
Македонија

Доброволните пожарникари подготвени за летната сезона: Формирани тимови за брз

18/07/2026
Македонија

Пензионерите го очекуваат септемвриското усогласување – наскоро ќе биде познато

18/07/2026
Македонија

Македонија во мај ја посетиле над 130 илјади туристи, Турците

18/07/2026
Македонија

Уапсен скопјанец на границата со Косово, запленети две товарни возила

17/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44463
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy