Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За што ќе одговара сопругот на починатата Ивана?
Македонија

За што ќе одговара сопругот на починатата Ивана?

03/03/2026

AA

Трагедијата што вчера го потресе Скопје отвори сериозни прашања за институционалното постапување во случаи на семејно насилство. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изнесе нови детали за настанот во кој Ивана и нејзиното шестгодишно дете го загубија животот скокајќи од тераса на зграда во Карпош.

Според министерот, истиот ден околу 12 часот се случил физички напад, за кој, како што рече, постои видеозапис на кој се гледа како сопругот ја удира жртвата. Подоцна, по интервенцијата на полицијата, жената потпишала изјава во која навела дека немало физички контакт, туку недоразбирање, дека не бара понатамошна постапка и дека брачните односи ќе ги решава преку развод.

Тошковски посочи дека ќе се утврдува дали таквата изјава била дадена под страв, притисок или закани. Тој информираше дека сопругот, Стојанче Јовановски, по трагедијата е осомничен за наведување на самоубиство, нанесување тешки телесни повреди и загрозување на сигурноста.

На новинарско прашање дали полицијата постапила соодветно, министерот рече дека не тврди оти сè било спроведено „100 проценти перфектно“ и дека ќе се анализираат сите аспекти на случајот. Тој повеќепати нагласи дека со новите законски измени полицијата има пошироки овластувања да постапува по службена должност, особено кога се констатираат видливи телесни повреди.

„Во такви случаи, жртвата нема да може да го повлече предметот, а Министерството ќе мора да продолжи со постапката“, рече Тошковски, додавајќи дека и потенцијалните сторители и жртвите ќе бидат повикувани на информативни разговори согласно Законот за полиција.

Тој предупреди дека кога жртвата се повлекува од пријавата, институциите се соочуваат со сериозни предизвици во докажувањето на делото, поради што е потребна координирана вклученост на центрите за социјална работа и другите надлежни институции, како и поголема јавна свест за пријавување на семејното насилство.

По полициската интервенција и потпишувањето на изјавата, жената се упатила кон станот на улицата „Теодосиј Гологанов“ во Карпош. Подоцна се случила трагедијата. Во моментот на настанот, сопругот не бил во станот.

Министерот наведе дека во изминатите две години против Јовановски имало десет кривични пријави поврзани со имотни деликти, насилен криминал и недозволена трговија со дрога, како и дека му биле изречени мерки на претпазливост. Во 2025 и 2026 година биле евидентирани повеќе пријави за нарушени односи меѓу сопружниците, но оштетената се повлекувала од пријавите.

Во меѓувреме, Министерство за социјална политика, демографија и млади соопшти дека е извршен вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи Скопје за утврдување на фактичката состојба и начинот на постапување.

Според првичните информации, починатата и нејзиниот сопруг за првпат биле евидентирани во Центарот на 7 октомври 2025 година по барање на Основниот граѓански суд во постапка за развод. Допис од Министерството за внатрешни работи во врска со пријавено насилство бил примен на 2 февруари 2026 година и се однесувал на настан од 19 декември 2025 година.

Инспекцискиот надзор е во тек, а по неговото завршување надлежните најавуваат транспарентно информирање на јавноста за наодите и евентуалните понатамошни мерки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тошковски: МВР има обезбедена снимка доказ за насилство во Карпош!

03/03/2026
Македонија

ДРОГА ПРОНАЈДЕНА ВО КАСАРНА Марихуана откриена во ранец на припадник

03/03/2026
Македонија

„Да не слушнам ни збор дека можела поинаку, НЕ МОЖЕЛА“:

03/03/2026
Македонија

Македонија меѓу водечките земји во Европа по економски раст во

03/03/2026
Македонија

ПРЕТРЕС ВО КАСАРНАТА ВО ПЕТРОВЕЦ: Кај припадник на армијата пронајдена

03/03/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ ГИ ДЕЛИ САМО ЕДЕН ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИК ОД

03/03/2026
Македонија

Кривична пријава за кражба на дрва и пустошење шума во

03/03/2026
Македонија

За што ќе одговара сопругот на починатата Ивана?

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42184
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тошковски: МВР има обезбедена снимка доказ за насилство во Карпош!

03/03/2026

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска на прес-конференција информираше дека во рамки на истрагата за трагедијата во скопската населба

ДРОГА ПРОНАЈДЕНА ВО КАСАРНА Марихуана откриена во ранец на припадник на армијата

03/03/2026

Триесетгодишниот припадник на Армија од Прилеп, се соочува со кривична пријава откако кај него била откриена марихуана. Од СВР Скопје

„Да не слушнам ни збор дека можела поинаку, НЕ МОЖЕЛА“: Психолог со силна порака по

03/03/2026

Трагичниот настан во кој згаснаа животите на млада мајка и нејзината малолетна ќерка повторно ја отвори дебатата за институционалниот одговор

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy