Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: МВР има обезбедена снимка доказ за насилство во Карпош!
Македонија

Тошковски: МВР има обезбедена снимка доказ за насилство во Карпош!

03/03/2026

AA

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска на прес-конференција информираше дека во рамки на истрагата за трагедијата во скопската населба Карпош е обезбеден видео запис на кој, како што рече, јасно се гледа како сопругот ја удира жртвата.

„До МВР е обезбеден видео запис каде јасно се гледа како сопругот ја удира жртвата. Не можам да кажам точното време, но сигурно е истиот ден“, изјави Тошковски.

Според него, жртвата претходно повикала полиција, а полициска патрола пристигнала за помалку од десет минути. Во изјавата што ја дала пред службениците навела дека нема што да пријави и дека не се случил физички напад. Министерот посочи дека дополнително ќе се утврдува дали таа изјава била дадена под присила. Во моментот на прибирање на изјавите, сторителот не бил присутен.

Тошковски информираше дека вчера околу 14:00 часот бил пријавен пад од зграда. Претходно, полицијата разговарала со жената, која не побарала понатамошна интервенција. Потоа таа се упатила кон станот на улицата „Теодосиј Гологанов“ во Карпош, каде што подоцна се случила трагедијата. Во моментот на настанот, според информациите од истрагата, таа и ќерката биле сами во станот и вратата била заклучена одвнатре.

Сопругот е приведен и против него се води постапка под сомнение за наведување на самоубиство, нанесување тешки телесни повреди и загрозување на сигурноста.

Министерот потсети дека во изминатите години против осомничениот биле поднесени 10 кривични пријави за дела поврзани со насилен криминал, имотни деликти и трговија со дрога.

Тој нагласи и дека значителен број предмети поврзани со семејно насилство се затвораат поради повлекување на пријавите од страна на жртвите, што, како што оцени, претставува сериозен предизвик за институциите во процесирањето на ваквите случаи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy