
За шест минути не беше урнат рекордот за најдолг меч на Вимблдон кај жените
Откако одиграа 111 минути тенис во првите два сета во кои Богдан го доби првиот со 6-4, па Цуренко вториот со 6-3, следеше епска пресметка во тајбрејк и вкупно 109 минути тенис за да се добие победничката. На крај Цуренко ја искористи седмата меч топка, откако претходно пропушти шест, а Богдан дури пет во тајбрејкот со 38 поени (20-18).
Најдолгиот меч во женска конкуренција на „Ол Ингланд клубот“ го одиграа Шанде Рубан и Патрисија И’Буле, кој траел три часа и 45 минути.
Убедливо најдолг меч во историјата на Вимблдон е пресметката од 11 часа и пет минути во машка конкуренција на Џон Изнер и Николас Маху од 2010 година, кој заврши во петтиот сет со 70-68.