Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА САМО 2 ДЕНА ГРАЃАНИТЕ ГО СМИРИЛЕ СВОЕТО ВОЗЕЊЕ Топаловски задоволен од тест-периодот на „Безбеден град“
Македонија

ЗА САМО 2 ДЕНА ГРАЃАНИТЕ ГО СМИРИЛЕ СВОЕТО ВОЗЕЊЕ Топаловски задоволен од тест-периодот на „Безбеден град“

24/01/2026

AA

Возењето во главниот град е значително смирено по тест‑периодот на системот „Безбеден град“, вели началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски. Тој истакна дека граѓаните веднаш го намалиле бројот на прекршоците со воведувањето на опомените, а новиот систем ќе регистрира четири клучни прекршоци кои најмногу ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот: брзо возење, поминување на црвено светло, нерегистрирани возила и неправилно паркирање.

– Преку опомените народот многу брзо изреагира во тест-периодот. Беше известен, знаеше што претстои и веднаш го смири своето возење, го смири начинот на возење. Со тоа покажавме дека можеме да бидеме исто како Германците, Австријците, како сите други земји што го имаат тоа инкорпорирано во својот систем, и ние да го почитуваме – изјави Топаловски во поткастот „Радар“ со Сотир Костов.

Тој нагласи дека реакцијата била толку брза што бројот на прекршоци се намалил за повеќе од три пати.

– На почеток имавме преку 110.000 прекршоци. Нема систем и институција што може да го обработи тоа. Но народот за два дена го спушти бројот на 30.000. Толку е паметен нашиот народ. На самата опомена, на самиот тест, го намали нивото на брзо возење – додаде тој.

Топаловски објасни дека реформата е насочена кон четири прекршоци кои најмногу влијаат врз редот и безбедноста во сообраќајот: брзо возење, поминување на црвено светло, нерегистрирани возила и неправилно паркирање. Тоа се прекршоците што ќе ги детектира системот „Безбеден град“.

– Луѓето велат: „Две-три минути ќе застанам“, а тоа создава огромни проблеми. Ако само на една точка на Партизанска застанат два автомобила, се прават колони што два часа не можете да ги расчистите. Најлошо е што на тој начин се загрозуваат човечки животи. Не гледаш пешак, не гледаш кој поминува – предупреди Топаловски.

Тој додаде дека остануваат и другите сообраќајни прекршоци за кои и досега се казнувало, како неносење сигурносен појас или користење мобилен телефон при возење.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
Македонија

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Синови ги претепале

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44700
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната за пиење останува до утре

27/07/2026

И вториот последователен примерок од водата во Крушево покажа дека таа е бактериолошки исправна и има соодветен резидуален хлор, но

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy