Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА СПРОВЕДЕН ЕЛЕКТРОНСКИ НАДЗОР: Осуденик од велешко доби алка за издржување казна куќен затвор
Македонија

ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА СПРОВЕДЕН ЕЛЕКТРОНСКИ НАДЗОР: Осуденик од велешко доби алка за издржување казна куќен затвор

08/10/2025

AA

Денеска во Македонија започна нова страница во извршувањето на санкциите, откако за првпат беше спроведена пресуда за куќен затвор со употреба на опрема за електронски надзор. Овластени службеници од Секторот за пробација во Чашка, Велешко, на осудено лице му поставија алка на глуждот, со која ќе се следи неговото движење.

Според условите на пресудата, осуденикот нема да смее да го напушта својот дом во наредните три месеци. Единствен исклучок е правото на престој на свеж воздух, кое е ограничено на најмногу два часа дневно.

Од надлежните служби појаснуваат дека системот функционира преку постојан мониторинг.
„Во случај на непочитување на упатствата за користење на опремата за електронски надзор и ограничувањата дадени од судот, пробациските службеници ќе го известат судот, согласно одредбите од Законот за пробација“, се вели во соопштението.

Примената на оваа алтернативна мерка се смета за поекономична за државата во споредба со затворското издржување на казната. Во конкретниот случај, имајќи ја предвид возраста на сторителот, таа воедно претставува и похуман начин на извршување на санкцијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy