
За прв пат по 106 години, Украина го прослави Божиќ на 25 декември
Украинските православни христијани денеска го слават Божиќ за прв пат по 106 години. Ова се случи по повлекувањето на земјата од јулијанскиот календар, кој се користи во Русија. Таму црквата го празнува празникот по стар стил – на 7 јануари.
Веќе пред неколку месеци властите во Украина го сменија законот, а главниот мотив беше „одвојување од руското наследство“. И покрај тековната војна, десетици луѓе излегоа на улиците на Киев доцна во неделата за да запалат свеќа и да го одбележат Рождеството Христово со песна и веселба.
