Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зајкова: Скопје го изгуби својот дух, наместо атракција се претвори во пустелија
Македонија

Зајкова: Скопје го изгуби својот дух, наместо атракција се претвори во пустелија

11/12/2023

AA

Паметам едно поубаво Скопје, иако сум помлада генерација, многу поубаво Скопје. Некако како да исчезна духот на градот и воопшто не сметам дека Скопје го заслужува тоа. Можеме да видиме насекаде смет, насекаде темници, пустелија, истакна претседателката на Либерално-Демократската партија (ЛДП) Моника Зајкова во интервјуто за „Слободен печат“.
Таа нагласи дека навечер на скопскиот плоштад не можете да видите граѓани како се движат, туку само темнина и бездомни кучиња.

„На плоштад да излезете навечер освен темница и бездомни кучиња не можете да видите граѓани кои се движат, ниту може да почувствувате некаква хармонија и го нема оној скопски дух и скопски шарм што го имаше порано“, потенцираше Зајкова.

Таа, ги посочи останатите европски метрополи како добар пример за тоа како треба да изгледа градот, особено во пресрет на божиќните празници. Скопје, како што посочи, за жал е далеку од метропола иако можеше да биде многу повеќе.

„Колку и ние да се вадиме на финансиите треба да учиме од примерите на другите држави бидејќи гледаме дека европските метрополи направија туристички атракции од тие божиќни маркети, гледаме колку тоа влијаеа на економскиот раст и развој.  Зошто и Скопје да не биде таква атракција и да не го користи својот потенцијал, да направи убава приказна и да привлече туристи кои што ќе дојдат и ќе го запознаат градот, и пред се ќе придонесат за нашата економија“, наведе претседателката на ЛДП.

Таа посочи дека загаденоста на воздухот одамна е горлива тема, истакнувајќи дека за тоа сите некако имаме одговорност што и како ќе се презема.
„Не смееат градските власти да молчат или да го негираат тоа бидејќи статистиките покажуваат дека сме можеби втор најзагаден град.  За жал се уште немаме никакви механизми за справување со загадувањето“, рече Зајкова.

Претседателката на ЛДП нагласи дека одлуките кои ги носиме како граѓани се многу важни, односно на кого му даваме шанса да го води градот.

„Се надевам дека скопјани ќе ја научат својата лекција и дека ќе бираат помудро, инаку сега ова можам да го кажам еднострано, бидејќи не знаеме што се случува внатре во Градот Скопје и со какви бариери внатре се расправаат, но не смее поради политички превирања градот да стане пустелија, а гледаме дека оди натаму.  На крај сметката ја плаќаме Ние скопјаните!“, заклучи Зајкова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy