Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зајкова: Лидерската средба вроди со плод, постигнат е договор за датум за одржување на изборите, останатите прашања остануваат отворени
Македонија

Зајкова: Лидерската средба вроди со плод, постигнат е договор за датум за одржување на изборите, останатите прашања остануваат отворени

04/12/2023

AA

Претседателката на Либерално-Демократската партија (ЛДП) Моника Зајкова, денеска по лидерската средба, нагласи дека согласно партискиот став и чистиот интерес на граѓаните, е постигнат договор за датумот за одржување на изборите – првиот круг на претседателските избори да се одржат на 24 април, а вториот круг на 8 мај заедно со парламентарните избори.

На лидерската средба се отвориле повеќе дискусии, меѓу кои и за нужните законски измени.

„Исклучително е важно отворено да се погледнеме во очи и да си кажеме дека со крајот на годината завршува и рокот кој Европската унија и го даде на Македонија за промена на Уставот, што значи најважно е да се договориме без калкулации и тактизирање, без лажни ветувања, за сигурна и безбедна европска иднина.“, заклучува Зајкова.

Таа додаде дека уставни измени ќе има независно од тоа кога ќе се одржат изборите, а со тоа, се запознаени и претставниците на опозицијата, но поради предизборен маркетинг, свесно го кочат процесот.

Зајкова оцени дека демократскиот и лидерски капацитет ќе се демонстрира само ако без уцени се постигне договор и за Изборниот законик, како и за евроинтеграциите, порачувајќи дека ЛДП како партија која се залага за напредок ќе даде поддршка само на она што значи прогрес во евроинтеграциите.

Претседателката нагласи дека потребно ќе биде и да се направат измените на Изборниот законик според препораките на ОБСЕ-ОДИХР.

„ЛДП не отстапува од својот став и на денешната средба, го отвораме прашањето за една изборна единица, 50-50 проценти застапеност на жени и мажи и отворени листи, за да добиеме поправеден и поквалитетен парламентарен состав. За прашањето за техничка Влада, ќе остане да се решава за наредните избори, додека овие ќе се одржат според претходно договореното.“, појасни Зајкова.

За настапот на ЛДП и на претстојните избори, но и за тоа дали ЛДП ќе истапи со сопствен кандидат за претседателските избори, партијата дополнително ќе одлучи во рамки на телата и органите на партијата, откако ќе се поминат сите партиски процедури и ќе се изврши соодветна проценка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy