Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За кое дело го товарат косовските власти Драгиша Миленковиќ кој е уапсен во Грачаница?
Регион

За кое дело го товарат косовските власти Драгиша Миленковиќ кој е уапсен во Грачаница?

21/06/2023

AA

Уште еден Србин е уапсен на Косово и е обвинет за воени злосторства.

Косовската полиција го уапсила Драгиша Миленковиќ кој живее во околината на Грачаница под обвинение за воени злосторства, потврдија за РТС од семејството. Тврдат дека при апсењето полицајците биле насилни, а припадниците на специјалните единици упаднале во неговиот двор околу пладне. На семејството му рекле дека Миленковиќ е уапсен за воени злосторства врз Албанци кои наводно ги малтретирал додека работел како чувар во затворот во Липлан.

„Го блокираа целиот простор и не дозволуваа никој да се приближи, а потоа го извадија Миленковиќ“, јавува дописникот на РТС.

Пред куќата на Миленковиќ по апсењето се собраа вознемирени соседи и мештани. Сопругата поради стресот кој го доживеала е пренесена во болница. Уапсениот Миленковиќ е татко на три деца, пренесуваат српските медиуми.

Во Грачаница денеска Србите излегоа на протест, каде еден Албанец во возило удри во толпата и повреди човек. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера кажа дека косовската полиција ги малтретирала Србите кои деновиве се уапсени. За недела дена се уапсени неколку Срби на Косово. Косовската полиција исто така малтретирала две млади лица, брат и сестра. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Состојбата во Гостивар стабилна, има 84 нови прегледи

03/08/2026
Македонија

Вонреден инспекциски надзор во Струмица, Штип и Скопје, случајот со

03/08/2026
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44818
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Состојбата во Гостивар стабилна, има 84 нови прегледи

03/08/2026

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во

Вонреден инспекциски надзор во Струмица, Штип и Скопје, случајот со пациентката ќе се испита темелно

03/08/2026

Во врска со случајот што во последните дена е предмет на јавен интерес, а се однесува на третманот на пациентка,

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy