Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За интервју Меланија Трамп бара 250.000 долари
Магазин

За интервју Меланија Трамп бара 250.000 долари

05/10/2024

AA

Пред речиси два месеци Си-Ен-Ен преку издавачот на книги на Меланија Трамп побарале интервју со поранешната прва дама на Америка по повод објавувањето на нејзините мемоари, во кои таа зборува за многу теми за кои досега не зборувала

Откако размениле неколку мејлови за можно интервју, издавачот минатата недела испратил необично барање на CNN – интервјуто би чинело 250 илјади долари (нешто помалку од 227 илјади евра).

На својата официјална веб-страница, Си-Ен-Ен објави документ испратен до нив од издавачот Skyhorse Publishing, со наслов „Договор за доверливост“. Во него се наведени строги услови за интервјуто и користење на материјал од мемоарите, кои ќе бидат пуштени во продажба на 8 октомври. Дополнително, во договорот стои дека „CNN ќе плати 250 илјади долари“.

Си-Ен-Ен одбиле да го потпишат тој договор и решиле транспарентно да им го покажат на милиони луѓе ширум светот. Но, тогаш започнува пресврт. Неколку дена подоцна, откако друг репортер на Си-Ен-Ен испратил барање до издавачката куќа Skyhorse за превисоката цена за интервјуто, издавачот рекол дека барањето за плаќање било испратено – по грешка.

„Ниту Меланија, ниту некој од нејзиниот тим не знаеше ништо за договорот за необјавување, а документот што беше испратен одразува внатрешна погрешна комуникација за спецификите на интервјуто“, изјавил за Си-Ен-Ен, Тони Лајонс, извршен директор на издавачката куќа Skyhorse.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy