Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За еден ден приведени 15 возачи низ државата
Македонија

За еден ден приведени 15 возачи низ државата

24/02/2026

AA

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои 10 за возење без возачка дозвола, тројца со забрана за управување возило од Б категорија, еден под дејство на алкохол, додека еден возач управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол.

Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Пробиштип, општина Старо Нагоричане, Куманово, Радовиш, Гевгелија, Гостивар, Тетово и Битола управувале возило без возачка дозвола. По еден возач во Скопје, Велес и Гостивар управувале возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија, а едно лице во Штип управувало возило под дејство на алкохол. Додека, едно лице во Кавадарци управувало возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Антовска: Водата во Гостивар е без фекалии, но сè уште

27/07/2026
Македонија

Нови повисоки цени на горивата: Дизелот поскапува за 4,50 денари

27/07/2026
Македонија

Ангелов за водата во Крушево: Поради прекин на струја еден

27/07/2026
Македонија

Од утре сончево и топло време, температурите повторно во пораст

27/07/2026
Македонија

Кривична пријава за даночно затајување: Фирма и управител го оштетиле

27/07/2026
Македонија

Епидемијата во Гостивар се стабилизира: Намален бројот на пациенти 

27/07/2026
Македонија

Шпанија оживува рудник затворен 40 години – нови инвестиции, локални

27/07/2026
Македонија

Притвор за струмичанец осомничен дека подметнал пожари на трактор и

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44685
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Антовска: Водата во Гостивар е без фекалии, но сè уште не е за пиење

27/07/2026

Жителите на Гостивар можат повторно да ја користат водата од градскиот водовод за дел од секојдневните потреби, но забраната за

Нови повисоки цени на горивата: Дизелот поскапува за 4,50 денари

27/07/2026

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука

Ангелов за водата во Крушево: Поради прекин на струја еден час не работел уредот за

27/07/2026

Проблемот со крушевскиот водовод не е ист со кризата што го зафати Гостивар, бидејќи причината била краткотраен прекин на електричната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy