Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За четири дена фатени 234 возачи кои возеле без возачка дозвола
Магазин

За четири дена фатени 234 возачи кои возеле без возачка дозвола

01/04/2025

AA

Во текот на изминатите денови, односно во петокот и деновите од празничниот викенд – 28, 29, 30 и 31 март во рамки на редовните сообраќајни контроли на територија на цела држава полицијата издала 2.508 платни налози за сторени прекршоци, како по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, така и по основ на Законот за возила.

-Така, заради непрописно паркирање издадени се 425 платни налози, по основ на непочитување на пропишаната брзина на движење 959 прекршоци, а пак по основ на непоседување возачка дозвола регистрирани беа 234 прекршоци, информираат денеска од МВР.

Исто така, евидентирани се 173 прекршоци заради неносење сигурносен појас, 50 прекршоци заради користење на мобилен телефон при возење, 14 возачи минале на црвено светло, а изречени се и 48 санкции за возење под дејство на алкохол.

По основ, пак, на Законот за возила во посочениот период од сообраќај се исклучени 74 возила од кои 24 заради техничка неисправност, а 50 заради тоа што биле нерегистрирани.

Од МВР Најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Изложба на олдтајмери во Кавадарци: Најстариот автомобил има 98 години

06/09/2026
Македонија

Се огласија од Владата за приведениот возач: Законите важат за

06/09/2026
Македонија

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години

06/09/2026
Македонија

Маж и жена од Гази Баба физички нападнати од малолетниот

06/09/2026
Македонија

71-годишен маж од Кондово додека одел кон возилото го погодило

06/09/2026
Македонија

Повредени вработени во ЈП Комунална Хигиена – Скопје

06/09/2026
Македонија

Ѓорѓи Ѓоргиев, тапанарот на „ДНК“ кој загина во пожарот во

06/09/2026
Македонија

Го пријавила сопругот во полиција, со тврд предмет ја истепал,

06/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45497
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Изложба на олдтајмери во Кавадарци: Најстариот автомобил има 98 години

06/09/2026

Во рамките на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“, денеска во Кавадарци се одржува изложба на ретки олдтајмери од сите краишта на

Се огласија од Владата за приведениот возач: Законите важат за сите

06/09/2026

Од Владата информираа дека лицето со иницијали Д. Ц. е уапсено за примање поткуп, на претходно обележани парични средства, по

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години од дебито во Јапонија

06/09/2026

Македонскиот пијанист од светски глас, Симон Трпчески, постигна уште еден голем меѓународен успех настапувајќи на 3, 4 и 5 септември

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy