Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За Божиќ дожд, од понеделник ледени утра со температури до -9 низ Македонија
Македонија

За Божиќ дожд, од понеделник ледени утра со температури до -9 низ Македонија

05/01/2024

AA

Во Македонија во сабота во утринските часови по котлините појава на слаба магла. Во текот на денот ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со сончеви периоди и ветровито време. Во вечерните часови и во текот на ноќта сабота кон недела ќе преовладува нестабилно време со врнежи од дожд. Ќе дува доумерен засилен југозападен и југоисточен ветер кој што ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до 7 степени, додека пак максималните дневни температури во Македонија утре ќе достигнат од 7 до 15 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во недела во Македонија облачно време со пообилни врнежи од дожд и посвежо време со пад на дневните температури. Локално се очекуваат да наврнат и до 25 литри дожд. Над 1500 метри со врнежи од снег. Минималните температури од 1 до 9 степени, додека пак дневните температури од 4 до 13 степени. Врнежите од дожд ќе продолжат и во текот на ноќта недела кон понеделник и снежната граница ќе се спушти на 1200 метри надморска висина.

Во понеделник облачно време со врнежи од дожд, а над 1200 метри со врнежи од снег. Во текот на денот снежната граница ќе се спушта и во попладневните часови врнежи од снег се очекуваат и над 700 метри надморска висина. Температурите ќе бидат во опаѓање, најтопло ќе биде во утринските часови кога се очекуваат температури од 1 до 10 степени, а најстудено во вечерните часови кога температурите ќе се спушат на -3 односно 4 степени.

Во вторник и среда во Македонија ледено утро со пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -7 до 0 односно од -9 до -2 степени. Во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и студено време. Максималните температури ќе се движат во интервал од -4 до 5 односно од -2 до 7 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во недела и понеделник облачно време со врнежи од дожд, ветровито и студено време со пад на температурите. Минималната температура од 7 односно 2 степени, додека пак дневната ќе достигне до 10 односно до 7 степени. Во понеделник на Водно во текот на денот врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во вторник и среда во Скопје студено утро со температура од -2 односно -4 степени, во текот на денот умерено облачно време со сончеви периоди и максимални 2 односно 4 степени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy