Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВУЛИН ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо
Регион

ВУЛИН ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо

15/04/2024

AA

Стигна реакција од Србија откако Македонија најави дека ќе го признае геноцидот во Сребреница во Босна и Херцеговина(БиХ). 

По изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека Македонија е еден од коспонзорите на Резолуцијата на ОН за геноцид во Сребереница, во која ја повика  Србија да ја поддржи, прв со реакција се јави поранешниот шеф на безбедоносната агенција БИА и поранешен министер за одбрана, лидерот на Движењето на социјалистите, Александар Вулин, кој порача дека Македонија можела барем да се воздржи, ако веќе не може да ја поддржи Србија.

„Србија е единствената земја што граничи со Северна Македонија и никогаш не побарала од нејзе да го смени името, историјата, уставното уредување или официјалниот јазик. Кога се викаа Поранешна Југословенска Република Македонија и Скопје, ние ги нарекувавме Македонија. Со нив делевме лекови за време на епидемијата на КОВИД, им ги дадовме нашите резерви од жито, брашно и шеќер, а СПЦ на Македонската црква овозможи независност и име. Северна Македонија за сето тоа им се заблагодари на Србите со признавањето на таканареченото Косово и сега со ентузијастичко учество во резолуцијата која треба да ги прогласи Србите за геноцидна нација. Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо, дури ни кога станува збор за нивното име или јазик, а уште помалку за Србите, па затоа можеле барем да се воздржат доколку не можат да ја поддржат Србија. Северна Македонија навистина треба да го смени јазикот заедно со името и историјата, како што бараат Бугарите, навистина е глупаво да користат речник во кој немаат зборови за чест, благодарност, пријателство, слобода, срам“, ја пренесе пораката на Александар Вулин, Вечерни Новости.

Северна Македонија, заедно со САД, Германија и други земји, е коспонзор на резолуцијата во Обединетите нации за прогласување на 11 јули за меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година и одбележување на истиот секоја година. Ова го соопшти на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој притоа ја прочита Резолуцијата, од каде текстот за прв пат денеска го пренесоа сите српски медиуми.

Пред тоа Османи, го изнесе неговиот став дека на седница на Владата ќе предложи излегување од иницијативата Отврен Балкан.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
Македонија

Странски возачи чекаат во ред на Табановце за да ги

19/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана

19/08/2026
Македонија

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира: СДСМ бара одговорност

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45125
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се споделуваат лични податоци

19/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце

19/08/2026

Од денес започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги емитуваат бесплатно

19/08/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе нова одлука со која се утврдува листа на настани од големо значење

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy