
ВУЛИН СЕ СРЕТНА СО ПУТИН: EУ се прашува зошто толку често патува во Москва
Европската Унија(ЕУ) се прашува зошто српскиот политичар Александар Вулин толку често патува во Москва.
„Одржувањето блиски врски со Русија не е во согласност со принципите на процесот на пристапување и можното членство во Европската Унија, а Србија треба да се воздржи од одржување и интензивирање на односите со Москва“, изјави портпаролот на Комисијата за надворешна политика, Петер Стано.
Вулин вчера во Владивосток се сретна со Путин кому му порача дека Србија не е само стратешки партнер на Русија, туку и нејзин сојузник и дека Белград никогаш нема да воведе санкции против Русија, ниту Србија ќе стане членка на НАТО.