УЕФА во шок: Челси не го регистриранајдобриот за средбите од Конференциската лига!
Тренерот на клубот од Лондон, Енцо Мареска, реши да не го вклучи најдобриот играч Кол Палмер во списокот на фудбалери кои ќе играат во ова натпреварување. Овој потег дефинитивно нема да ги зирадува челниците на УЕФА, кои сакаат да ги гледаат најдобрите на теренот, со оглед што англискиот репрезентативец би бил еден од најреномираните фудбалери во Конференциската лига.
Ваквата одлука, сепак, не треба целосно да изненадува, со оглед на тоа што Челси потенцијално би можел да одигра над 80 натпревари во оваа сезона и јасно е дека клубот сака да го поштеди Палмер. Доколку „сините“ се пласираат во нокаут фазата, тогаш фантастичниот фудбалер за врска ќе може да се најде меѓу лиценцираните и да заигра во ова натпреварување, секако доколку на тоа се реши Мареска.
Вреди да се спомене дека Палмер беше меѓу 30-те номинирани играчи за Златната топка.