
ВУЧИЌ ЗА ПАЛАЧИНКИТЕ: Сите ми се смеат
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера објави видео на кое прави палачинки, но не бил задоволен од својата прва палачинка, па ја оставил за себе. Тој успеал да ги покаже своите вештини за превртување палачинки.
„Сите ми се смеат. Им правев палачинки на Данило и на Милица и сакаа да бидат што погусти, што помалку успевав“, вели Вучиќ.
„Вучиќ во епизодата Тито пече палачинки“, „Затоа не можам да најдам работа, Вучиќ ми ја зеде“, „Вучиќ е подготвен за што било, дури и да ги покаже своите кулинарски способности“, се некои од коментарите под објавата. Во Белград денеска се одржува саем за вино.
Вучиќ претходно правеше сендвичи со паризер со министерот за финансии, Синиша Мали за што имаше многу коментари.
