
Вучиќ за Косово: Ќе се обидат да ни ја скршат и уништат државата одвнатре
Српските власти очекуваат многу маки со Косово.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека очекува многу маки и проблеми на Косово и Метохија, но дека ќе направи што може за да го зачува мирот, јави дописникот на МИА од Белград. Тој рече дека можеби некои мислат дека залагањето за компромис е „резултат на слабост“, но дека тоа всушност е израз на нечија сила.
„Ќе се обидат да ни ја скршат и уништат државата одвнатре“, рече Вучиќ и додаде дека никој не сака мала земја „да носи одлуки кои не се во интерес на големите сили“.
Вучиќ најави дека Движењето за народ и држава, кое ќе се основа, ќе претставува политичка сила која ќе се залага за економски развој, зголемување на платите и силна Србија.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги повика Белград и Приштина да се воздржат од дејствија кои би можеле да доведат до натамошна ескалација.
Американски сенатори побараа од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден „да му даде приоритет на решавањето на влошената безбедносна ситуација меѓу Косово и Србија“.
Албанскиот премиер вели дека е вистинска закана да се создаде Донбас во северно Косово.
фото принтскрин