Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вучиќ: Трамп носи неверојатни промени, една од нив е укинувањето на „факт чекерите“
Регион

Вучиќ: Трамп носи неверојатни промени, една од нив е укинувањето на „факт чекерите“

13/01/2025

AA

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп носи неверојатни промени,  а како пример за тоа ја наведе најавата на Марк Цукерберг дека под влијание на новоизбраниот американски претседател, како и на Илон Маск, ќе ги укинува „факт чекерите“.

„Се сеќавате ли пред само неколку месеци, што и да зборувавте за некои регионални настани, што и да зборувавте во корист на властите во Србија, некој ќе ви ги симнуваше налозите, објавите, профилите и сè друго.

Значи, најлошите лажговци што постојат во Србија, но поврзани со невладини организации, кои се поврзани со таргетирани невладини и некои други западни невладини организации, и сите под широкиот чадор на одредени западни безбедносни и разузнавачки агенции, тие ви велат, добро, ова не е во наш интерес, тоа е лага“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.

Тој истакна дека доаѓањето на Трамп носи структурно длабоки промени во крвотокот на светот и дека е среќен поради тоа бидејќи „ќе има повеќе слобода“ со укинувањето на „Вистиномерите“.

 „Среќен сум поради тоа. Има повеќе слобода. Затоа што ова го менува односот на силите во светот. Ова е надеж за глобалниот југ.Ова е надеж за нормалните луѓе ширум светот. Ова е надеж за нормалните луѓе во Америка. Ова е надеж за нормалните луѓе во Германија, Франција, секоја земја во светот“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека поради „факт чекерите“ е намалена видливоста на некои медиуми, се отстрануваат нивните текстови и дека така функционирала машинеријата на лаги.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Ако се врати во Македонија, Никола Груевски веднаш ќе

14/04/2026
Македонија

Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа

14/04/2026
Македонија

Мицкоски: Очекувам Маѓар да води проевропски политики, за Груевски веќе

14/04/2026
Македонија

ПИЈАН ВОЗАЧ УДРИ ВО ПИЈАН ПЕШАК ВО ОХРИД И ИЗБЕГА

14/04/2026
Македонија

Филипче: Со падот на Орбан, ќе бега ли Груевски во

14/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НАМЕСТО ДА ГО ОПРАВИ СДСМ, ВРЕМЕТО ГО ТРОШИ НА

14/04/2026
Македонија

Крај на уцените и ветата? Најавата за гласање со квалификувано

14/04/2026
Македонија

ОБЛАК ОД САХАРСКА ПРАШИНА ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА Времето ќе биде

14/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42450
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Ако се врати во Македонија, Никола Груевски веднаш ќе оди во затвор

14/04/2026

Доколку поранешниот премиер Никола Груевски се врати од Будимпешта во Македонија, тој веднаш ќе биде спроведен во затвор, изјави актуелниот

Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа игра?

14/04/2026

Додека бројот на рудари во Македонија опаѓа, светот влегува во интензивна трка за критични минерали неопходни за зелената и дигиталната

Мицкоски: Очекувам Маѓар да води проевропски политики, за Груевски веќе е побарана екстрадиција

14/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше изборната победа на Петар Маѓар во Унгарија и ги сподели своите очекувања за идната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy