Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ВУЧИЌ СЕГА СЕ ЧУВСТВУВА МНОГУ ЛОШО КОГА ГО ГЛЕДА СЕТО ОВА, ЗНАЕ ДЕКА Е ПОРАЗЕН“ – Антонела Риха за „малите победи“ на студентите
Регион

„ВУЧИЌ СЕГА СЕ ЧУВСТВУВА МНОГУ ЛОШО КОГА ГО ГЛЕДА СЕТО ОВА, ЗНАЕ ДЕКА Е ПОРАЗЕН“ – Антонела Риха за „малите победи“ на студентите

15/03/2025

AA

Студентскиот протест во Белград, кој денеска достигна
историски размери, испрати јасна порака – незадоволството расте, а решителноста
за промени е сè поголема. Градот е преполн со демонстранти, што создава
атмосфера на силна граѓанска мобилизација против актуелната власт. Оваа слика
на Белград ја коментираше новинарката Антонела Риха, која оцени дека протестите
веќе претставуваат победа, дури и пред постигнување на крајната цел – смена на
власта.

„Гледаме слика од градот, непрегледна маса луѓе – критична
маса за Александар Вучиќ. Ова е чувство на победа. Сите овие луѓе очекуваат
финалето да биде промена на власта, веруваат дека тоа е единствената победа.
Но, не е само тоа. Победа е и решителноста на просветарите кои сложно ги поддржуваат студентите,
театарските уметници кои сепостојано
со нив, спортистите, воопшто граѓаните кои храбро го водат овој протест.
Имаме низа мали победи“, изјави Риха.

Според неа, српскиот претседател Александар Вучиќ сега се
наоѓа во позиција во која чувствува пораз, иако сè уште формално ја држи моќта
во свои раце.

„Јас верувам дека
тој сега се чувствува лошо кога го гледа ова, верувам дека се чувствува дека е поразен.
Сè уште ја има моќта, но таа веќе е сведена на една шака луѓе, неговата сила сега се огледува само во оној камп
пред Собранието. Можеби има луѓе кои искрено го поддржуваат, но тоа се претежно
пробисвети“, оцени
новинарката.

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Преседан во Правосудството: Уставниот суд го извести Обвинителството за неизвршена

07/08/2026
Македонија

Лекот „Фостер“ повторно достапен во аптеките без доплата за пациентите

07/08/2026
Македонија

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај

06/08/2026
Македонија

Германец приведен во Радожда: Со дрон неовластено снимал армиска караула

06/08/2026
Македонија

Драматична состојба во Тетовско: Пожарникарите дневно гасат и до 17

06/08/2026
Македонија

Ристески: Цените се под контрола и засега нема потреба од

06/08/2026
Македонија

Недостиг на терапија за онколошките пациенти: Здружението „Хема-Онко“ бара системско

06/08/2026
Македонија

30-ти роденден на 2.200 метри височина: Габриела Панајотова го прослави

06/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44893
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Преседан во Правосудството: Уставниот суд го извести Обвинителството за неизвршена одлука од Граѓанскиот суд Скопје

07/08/2026

Уставниот суд за првпат од своето постоење примени нов механизам за заштита и извршување на сопствените одлуки (предвиден со Актот

Лекот „Фостер“ повторно достапен во аптеките без доплата за пациентите

07/08/2026

Министерството за здравство соопшти дека, по известување од носителот на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, направени се

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај парализираната родилка

06/08/2026

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведе вонредни инспекциски надзори во болниците во Струмица, Штип и на Клиниката за неврологија

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy