
ВУЧИЌ СЕ ЛУТИ: Му направиле фотомонтажа како го гушка Курти
Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето обраќање пред медиумите се пожали дека е „жртва на кампањата“ која се води против него.
„Знаете дека 60-70 проценти од луѓето мислеа дека навистина го прегрнав Курти затоа што направија фотомонтажа и ставија моја фотографија наместо Дендијас (Никос Дендијас, шеф на грчката дипломатија,). Дозволете ми да ве потсетам на тоа. Јас дури и не му подадов рака. Не се фалам со тоа, туку само ги кажувам фактите“, изјави Вучиќ.
Известувачката на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон, се надева дека ќе се постигне договор меѓу Косово и Србија на 18 март во Охрид, каде што ќе се одржи следната средба на високо ниво во рамки на меѓусебниот дијалог. Фон Крамон на Твитер напиша дека овој договор би бил важен чекор за европската интеграција на двете земји. Косовскиот премиер Албин Курти и Вучиќ се очекува да се сретнат на 18 март во Охрид, а ќе разговараат за француско-германскиот.