
Вучиќ пушти во употреба автопат што го изгради Бехтел и Енка
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска присуствува на отворањето на делот од Моравскиот коридор од Појат до Макрешан.
Автопатската делница е дел од Моравскиот коридор кој го гради конзорциумот Бехтел и Енка. Станува збор за артерија која го поврзува западот со истокот на Србија.
Членовите на Владата со панорамски автобус ја минаа делницата меѓу Појат и Макрешан во должина од 16,8 километри. На отворањето на делницата Појат – Макрешан присуствуваше и американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил.
„Овој пат ги поврзува западниот и источниот дел на Србија, затоа е важен. Она што порано траеше 5-6 часа патување, сега ќе трае 2,5 часа. Половина милион луѓе живеат на овој коридор, но многу повеќе луѓе во суштина ќе бидат поврзани со него. “, додаде тој.
„Овој автопат е најширок, поширок е за 1,60 метри од другите и ќе биде широк 30 метри, дигитализиран е, насекаде има столбови за 4G и ќе биде за 5G мрежата кога ќе биде достапна“, рече Вучиќ.
