Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КСОМ: Не фаворизираме синдикати, ќе учествуваме на протестите и на ССМ и на КСС
Македонија

КСОМ: Не фаворизираме синдикати, ќе учествуваме на протестите и на ССМ и на КСС

29/04/2023

AA

Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) задутре на Денот на трудот – 1 Мај ќе учествува и на протестот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) од 10 часот, и на протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија од 12 часот. Претседателот на КСОМ, Марјан Ристески, денеска порача дека тоа го прават бидејќи сега не е време за поделби.

– Ние не сакаме за Први мај да заземеме страна, да поддржиме еден синдикат или другиот на протестите, оставаме сите членови и граѓани да се приклучат секој доброволно каде што мисли согласно слободното време, рече Ристески, додавајќи дека тој лично ќе присуствува и на двата синикални протести.

Тој додаде дека овој пат нема да се дозволи да се потпише колективен договор каде што одреден број на работници ќе добиваат К-15, а одреден број нема да добие.

Информираше и дека на последниот Економско-социјален совет, претставниците на синдикатите имале жестоки дебати со претставниците на Владата, потестувајќи дека КСОМ бара методологијата за пресметка на плата во јавниот сектор да биде иста со функционерите.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев, пак, порача дека КСОМ нема да дозволи, како што рече, така лесно да помине и 60 работни часа да биде работното време на еден работник во иднина.

-КСОМ уште пожестоко ќе ги води работите се со цел заштита на правата на работниците. КСОМ овој пат крајно умерено меѓутоа со остра намера на Владата и порачува да не си играат со работниците, истакна тој.

На прашањето на што се должат поделбите меѓу синдикатите, Ристески одговори дека мислеле оти овој пат сите ќе бидат заедно и потенцираше дека ова е нивниот последен обид да се свати дека не е време за докажување и за правење паралелни протести.

– Ние мораме да се обединиме. Гледате Владата и работодавачите како настапуваат жестоко. Тие веќе не бираат средства, тие се здружени, и мора ние да сфатиме да станеме сериозни бидејќи од другата страна имаме луѓе коишто немаат пардон, коишто сакаат да глумат и Влада и работодавачи и буквално ја превземаат и улогата на синдикат, истакна тој.

Додаде дека на Први мај ќе пратат апел до двата синдикати за да пробаат дали може да настапуваат заеднички.

На прашањето зошто се уште се чекаат протести за Први мај кога функционерите веќе 80 проценти ги покачија платите и дека освен изјави преку медиуми нема никаква реакција околу тоа, Ристески рече дека се уште се преговара за Општиот колективен договор кој не е потпишан.

– Се уште преговараме за Законот за работни односи. Се надеваме дека Владата и работодавачите ќе сфатат сериозно и да го потпишеме колективниот договор. Тука е и методологијата за плата, значи го кажавме нашиот став – нема да попуштиме, бараме истата методологија како што ги покачија и тие платите, подвлече тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46650
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли до 20 степени

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И ВО СТРУМИЦА Во Битола исплатени

07/11/2026

Денеска во филијалата на Алта банка во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy