
ВУЧИЌ: Поздрав до нашите македонски браќа и пријатели
Ги поздравувам браќата Македонци, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во Скопје. Тој е на состанок во рамките на Отворен Балкан.
„Разговараме за заедничкиот пазар, за нашите камиони да можат побрзо да стигнуваат во земјите на ЕУ“, рече Вучиќ.
Оваа иницијатива е со цел да се олесни животот на граѓаните од Македонија, Србија и Албанија.
„Се надваме дека ќе добиеме и пристап до сите реформи и фондови што побрзо. Поздрав до нашите македонски браќа и пријатели“, рече претседателот.
Потпишани се Протоколите за слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан.
