
ВУЧИЌ ПО ПОВОД СВЕТИ САВА: Единствено што бараме од вас е да ја прифатите нашата подадена рака
Немаме поблизок народ од Македонците, не бараме ништо, само да градиме уште подобри односи, вели српскиот претседател Александар Вучиќ на Светосавската свечена акдемија вечерва во Скопје.
Наведе дека двата народи немаат никакви проблеми. Повика да градиме добри односи.
„Верувајте дека кога игра вашата македонска репрезентација имате уште повеќе навивачи, малку посеверно од вас и дека со сето срце навиваме за вас и дека сме со вас и со сето она што Македонците го носат со себе. Тоа мора да го поставиме на рационални нозе. И ние и вие сме на европски пат и имаме високи цели. Верувам дека ние, Србија, за само 15 години од бруто домашните производи тројно ќе ги зголемиме на 100 милијарди евра. Тоа ќе можеме да го направиме и со ваша помош. На ЕКСПО 2027 во Белград. Ве повикувам Македонија да го има најголемиот штанд на ЕКСПО. И заедно да настапиме. Никогаш нема да ве убедуваме, ние не сме голема сила, ние само ќе ве замолиме на добра и пријателска соработка. Време е сите заедно, нашите Срби овде, и ние, да воскликнеме – да живее Србија“, рече Вучиќ.
Тој во Скопје дојде по повод Националниот празник на Србите, Свети Сава, а своето доаѓање го најави минатата недела кога беше тука по повод Планот за економски раст на Евроската комисија.
На Свечената академија присутни се претседателот Стево Пендаровски, премиерот во оставка Димитар Ковачевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски, како и други политичари, пратеници, дипломати и претставници на етничките заедници.
