Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вучиќ од Пекинг: Го видов Путин, пука од самодоверба
Македонија

Вучиќ од Пекинг: Го видов Путин, пука од самодоверба

17/10/2023

AA

Го видов претседателот Путин, немавме билатерална средба, разговаравме накратко, тој имаше важна и долга средба со Кси, рече Александар Вучиќ, претседател на Србија, во изјава за српските новинари во Пекинг, каде што учествува на меѓународен економски и политички форум „Појас и пат“.

Видов дека тој (Путин) пука од самодоверба, рече Вучиќ и додаде дека видел дека рускиот претседател имал долги разговори со кинескиот претседател Кси и со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Претседателот на Србија тогаш напомена дека тој самиот разговарал со Орбан, но за претстојната седница на Европскиот совет „што е важна за нас“ и „игрите што се играат таму“, а потоа продолжи во изјавата на тема сертификати за српските јаболка и извозот на малини и овошје .

Тој го спомна Путин во одговорот на прашањето на новинарката на ТВ Пинк.

Вучиќ оцени дека имал исклучително пријателски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг за сите важни теми, пренесе РТС.

Како што рече, разговарале за Косово и Метохија, за почитување на меѓународните правни норми и низ што минува Србија и за примена на двојни стандарди, непочитување на Повелбата на ОН и резолуцијата 1244.

„Наидовме на разбирање на нашите кинески пријатели. Разговаравме и за други работи кои ни се неопходни. од соработка во сите области на економијата, бизнисот, воено-техничката соработка“, рече Вучиќ и додаде дека Србија во моментов нема од кој друг да добие помодерно и софистицирано оружје.

Тој вели дека се зборувало и за инфраструктурно поврзување и за зголемениот број кинески инвестиции, пренесува РТС.

Вучиќ повтори дека договорот за слободна трговија, кој беше потпишан во Пекинг, може да стапи на сила до јуни следната година и изјави дека претседателот Си Џинпинг поддржува независна, слободарска и независна Србија.

Зборувајќи за свечената вечера, Вучиќ рече „Мислам дека го добивме најголемиот аплауз по рускиот Казачок“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Сејф сити“ се проширува: Ќе се детектираат нови сообраќајни прекршоци!

15/05/2026
Македонија

Не паничете, влезници сè уште има: Привремено стопирана продажбата за

15/05/2026
Македонија

Доаѓа нестабилно време: Пороен дожд, грмежи и силен ветер

15/05/2026
Македонија

Низок е ризикот од појава и ширење на хантавирус во

15/05/2026
Македонија

Започна исплатата на МојДДВ

15/05/2026
Македонија

АПИС: Предлог-законот за игри на среќа ќе предизвика затворање на

15/05/2026
Македонија

Татко и ќерка од Скопје измамени за 152 илјади денари,

14/05/2026
Македонија

Уапсен 86-годишен скопјанец, се однесувал непристојно во парк кон малолетничка,

14/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43285
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy