
ВУЧИЌ ОД МОСКВА: Благодарност до Црвената армија која помогна да се ослободи Србија
Благодарност до Црвената армија која помогна да се ослободи Србија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ од Москва.
Вели дека по многу години, повторно е во Москва.
„Горд сум на антифашистичката борба на мојот српски народ и благодарен сум за огромната помош што ја имавме од Црвената армија за време на ослободувањето на Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Авионот со кој српскиот претседател се упати кон Москва за да присуствува на прославата на Денот на победата претходно беше запрен во Баку поради борбите меѓу Русија и Украина, и чекаше одобрение за продолжување на летот.
Кремљ вчера објави дека претседателот на Србија ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин в петок.
Украина со напади со дронови, деновиве го попречува функционирањето на аеродромите.
фото Инстаграм