Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Потпишан договорот со „Рапид Билд“, почнува изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција
Економија

Потпишан договорот со „Рапид Билд“, почнува изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

07/05/2025

AA

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, операторот на системот за пренос на гас АД Номагас Скопје и избраниот изведувач „Рапид Билд“ од Куманово денеска го потпишаа договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција.

Сопственикот на „Рапид Билд“, Тони Каранфиловски, рече дека неговиот оператор има веќе големо искуство од изградбата на магистралните гасоводи низ земјата. Изведувачот веднаш ќе биде воведен на терен и, како што рече тој, ги има потребните ресурси за работа во сите фази.

– Она што можеме да ветиме ние како Рапид Билд е тоа дека ќе работиме максимално посветено и квалитетно, со што ќе се обидеме да завршиме пред рокот на изградба, рече Каранфиловски.

Компанијата „Рапид Билд“ на вториот тендер понуди најниска цена од 59,9 милиони евра, што беше за 12 милиони евра пониска од второрангираната понуда на фирма од Србија.

– Очекуваме изградбата да трае 22 месеци, а интерконекторот да биде ставен во функција во 2027. Со тоа, ние ќе имаме алтернативен влез на природен гас, повеќе избор и сигурност во снабдувањето, изјава министерката за енергетика Сања Божиновска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy