Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вучиќ ги замоли функционерите да внимаваат со изјавите за Македонија за да не бидат злоупотребени
Регион

Вучиќ ги замоли функционерите да внимаваат со изјавите за Македонија за да не бидат злоупотребени

22/08/2023

AA

Српските функционери да бидат вниматели во изјавите кон Северна Македонија, вели српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Вучиќ денеска побара од српските функционери да бидат внимателни во изјавите за да не кажат нешто што би можело да биде искористено од страна на други, јави дописникот на МИА од Белград.

„Многу силно, јавно и отворено и сакам да ги замолам нашите функционери, дури и кога немаат намера, да бидат внимателни, да нè им излезе ништо што би можело да биде искористено од страна на некои, за и нас да не направат исти како Курти“, рече Вучиќ за РТС.

Тој кажа дека синоќа долго разговарал со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и му кажал дека ако било кој во Македонија се чувствува навреден за било што, иако тој лично смета дека нема причина за тоа, тогаш се извинува. 

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше по изјавата на министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ, во врска со Македонија и Црна Гора, оценувајќи при тоа дека „заканите по стабилноста на двете соседни земји се неприфатливи и многу опасни“, јавија албанските медиуми.

Рама ги нарекува „многу опасни“ и „неприфатливи“ изјавите на Вучевиќ за српските медиуми, за кои рекол дека Македонија и Црна Гора „нема да бидат мирни“ иако се дел од НАТО.

Вучевиќ го изразил своето незадоволство од двете држави  поради признавањето на независноста на Косово на што Рама во реакцијата му порачува дека двете земји и Северна Македонија и Црна Гора се дел од НАТО и додава дека  иднината на регионот е Голема Европа.

Вучевиќ уште додал дека Северна Македонија и Црна Гора „се мешале во внатрешните работи на Србија“ со признавањето на Косово. И од Црна Гора го посетија српскиот министер дека Србија го потпиша кумановскиот договор, а тие само ја признале реалноста. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
Македонија

Скопјанец возел со 2,13 промили алкохол во организмот и без

09/08/2026
Македонија

Почина Мила Камбовска, екс судија во Врховен суд

09/08/2026
Македонија

Мотоциклист загина кај ресенско, изгубил контрола и излетал од пат

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44936
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во вода, повредите на рбетот често

09/08/2026

На Клиниката за ТОАРИЛУЦ летово не се регистрирани нови случаи на тешки повреди при скокање во плитка вода, со исклучок

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во друго возило

09/08/2026

Високите температури предизвикале колапс кај возач, кој додека управувал возило изгубил свест и удрил во друго возило. Пациентот со повреди

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави својот заштитник Свети Пантелејмон

09/08/2026

Со Света празнична архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение со свештенството и во присуство на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy