Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вучиќ: Јас сум единствениот од Европа што му продава муниција на Израел
Регион

Вучиќ: Јас сум единствениот од Европа што му продава муниција на Израел

07/06/2025

AA

Српскиот претседател Александар Вучиќ нагласи дека по 7 октомври 2023 година, кога палестинските вооружени групи предводени од Хамас го нападнаа Израел, по што Израел започна војна против Појасот Газа, во рок од 24 часа добил порака од израелскиот претседател Исак Херцог и дека Србија била подготвена за реакција за четири дена, објави порталот „Кликс“.

Оттогаш, одбранбените врски меѓу Белград и Тел Авив брзо се продлабочиле, а извозот на српско оружје во Израел достигна 42,3 милиони евра во 2024 година, според заедничкиот извештај на „Балкан инсајт“ и „Хаарец“ (врз основа на царински податоци), што е 30 пати повеќе од претходната година.

Србија стана клучна алка во синџирот на снабдување со одбрана на Израел, се додава во него.

„Денес, јас сум единствениот во Европа кој тргува со воена муниција со Израел“, рече Вучиќ. „И затоа моите колеги често ме критикуваат“.

Српскиот истражувачки портал КРИК и германскиот весник Билд го обвинија Вучиќ за неправилности во договорите за оружје, а српскиот претседател ги отфрли тие напади.

„Во Србија, ситуацијата секогаш ќе остане иста. Ние секогаш ќе ги цениме, почитуваме и сакаме еврејскиот народ и Израел. Тоа е она што навистина го мислам, тоа е она што навистина го чувствувам.“, рече тој.

Освен воената соработка, трговските и инвестициските врски меѓу Србија и Израел достигнаа невидени нивоа, објавува Кликс. Според податоците на Републичкиот завод за статистика, извозот од Србија во Израел се зголемил за 196,2 проценти само во првите два месеци од 2025 година. Вкупната трговска размена во 2024 година изнесувала рекордни 199,2 милиони долари – извозот од Србија се зголемил за 75,2 проценти, а увозот за 40,9 проценти.

Во последните четири години, трговијата се зголеми тројно, позиционирајќи го Израел како главен извозен пазар на Србија на Блискиот Исток и четврти надвор од Европа – и покрај отсуството на договор за слободна трговија

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy