Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ивановска: Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир
Македонија

Ивановска: Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир

07/06/2025

AA

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, во емисијата „Трилинг“ упати силна критика за состојбите со дивоградбите во општина Чаир, повикувајќи на итно расчистување со урбаното беззаконие што, според неа, го уништило некогашниот зелен и отворен лик на Чаир.

„Ова е шанса конечно да се расчисти со дивоградбите во Чаир. Чаир беше симбол на зеленило и пространост, а сега сè е уништено“, изјави Ивановска, алудирајќи на аферата што ја обелодени градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Според неа, работењето на Обвинителството во овој случај било погрешно насочено и без резултати, и сè уште „ги бара вистинските податоци“. Ивановска остро ги критикуваше и политичките партии, кои, како што рече, секогаш се обединети кога станува збор за урбанистичко профитерство и нехумана урбанизација.

„Државниот градежен инспекторат не можеше да се справи со општината, па побара помош од нашата комисија, бидејќи не добиваше никакви документи од Чаир“, посочи таа.

Ивановска откри дека и во времето на нејзиниот антикорупциски мандат, немале пристап до потребната документација од општина Чаир, иако подолг период барале информации за спорните објекти.

„Градоначалникот Висар Ганиу ни одговори само дека објектот ги исполнува условите за легализација, без да ни ги достави останатите документи. Имавме и прекршочни пријави против него за други случаи – не сме далеку од ситуација на ‘држава во држава’“, додаде Ивановска.

Во емисијата, таа потсети и на јавната изјава на поранешниот градоначалник на Чаир, сега министер за животна средина, Изет Меџити, кој, како што рече, сам признал дека биле легализирани дивоградбите на Бујар Османи, браќата на Артан Груби и други лица.

„За сите овие дивоградби некој свесно прогледувал низ прсти. Ова е тотално лудило, затоа што ако мора да се приклучите законски на инфраструктура, како воопшто може да добиете приклучок ако сте дивоградба?“, праша реторички поранешната антикорупционерка.

Ивановска заклучи дека Чаир е најсилната симболика на институционален молк и урбана анархија, и дека само со политичка волја и транспарентност може да се вратат редот и правото во оваа општина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy