Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Второ место за Реплек на HR Days во Ровињ: „РЕсет“ меѓу водечките регионални HR практики
Македонија

Второ место за Реплек на HR Days во Ровињ: „РЕсет“ меѓу водечките регионални HR практики

23/04/2026

AA

„Реплек“ уште еднаш потврдува дека стратешкиот и современ пристап во менаџирањето со вработените е еден од клучните предуслови за деловен успех. Оваа фармацевтска компанија освои второ место за најдобра регионална HR практика во категоријата компании до 1.000 вработени, на 14-тото издание на конференцијата HR Days, која се одржува од 21 до 23 април во Ровињ, Хрватска.

Платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ на „Реплек“ беше препознаена по својот пристап кон добросостојбата на вработените, преку која успешно се интегрираат грижата за физичкото и менталното здравје, како и создавањето здрави навики, не само во рамки на компанијата, туку и пошироко во заедницата.

„За нас, во фокусот се луѓето, чија добросостојба, мотивација и чувство на припадност се двигател на одржливиот развој. Од една оригинална интерна иницијатива, ‚Ресет’ прерасна во платформа која создава вредност и за заедницата, поттикнувајќи здрави навики, позитивни промени и носејќи значајни резултати,“ истакна Тања Иванова Ѓорѓиевска, директор на секторот за луѓе во „Реплек“, која ја презентираше практиката на настанот.

Конференцијата, во организација на Alma Career Croatia, обедини повеќе од 500 HR лидери, менаџери и експерти од регионот, кои дискутираа за најактуелните предизвици на пазарот на труд, како што се забрзаното влијание на вештачката интелигенција, недостигот на работна сила, одливот на млад кадар и новите регулаторни рамки.

Настанот го одбележаа и инспиративни предавања од докажани експерти од странство, презентирајќи нови знаења и перспективи од оваа област.

Во една таква динамична средина, HR Days повторно ја афирмираше својата улога како платформа каде се среќаваат идеи, искуства и конкретни решенија.

Ова регионално признание претставува јасен показател дека практиките кои се развиваат во „Реплек“ не само што носат вредност за вработените, туку се и препознаени како пример за современо и одговорно управување со луѓето во пошироки рамки.

Платформата РЕсет минатата година беше прогласена за најдобра HR практика во Македонија од Македонската асоцијација за човечки ресурси.

Со повеќе од 80 години традиција и јасна ориентација кон иднината, „Реплек“ продолжува да инвестира во луѓето како свој највреден капитал, градејќи култура која создава долгорочна вредност за компанијата, за вработените и за заедницата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy