
ВРТОГЛАВИ СУМИ НА СТАНОВИТЕ, МИНХЕН ГИ УРИВА СИТЕ РЕКОРДИ: Просечната цена на стан е речиси еден милион евра
Пазарот на недвижности во Минхен не престанува да расте.
Иако лани се продадени помалку куќи и парцели од претходните години, цените се
уште растат. Во Богенхаузен, на пример, една куќа е продадена за 25,7 милиони
евра.
Поставен е и нов рекорд, повторно во Богенхаузен, каде
зграда е продадена за 13,3 милиони евра, додека во Швабинг, стан е продаден за 15,7 милиони евра. Сопственик добил 4,8 милиони евра за куќа
со средна големина во Богенхаузен, а 87 милиони евра за станбен комплекс во
Швабинг. во Максворштат е продаден деловен комплекс за 358 милиони евра, пишува
порталот Феникс.
Минатата година купувачите платиле во просек неверојатни
815.000 евра за стан во просечен станбен дел од градот. Тоа одговара на цената
од 11.000 евра за метар квадратен.
Оние кои се
заинтересирани за купување недвижнини мораа да посегнат уште подлабоко
во своите џебови за добро домување. Становите во просек чинат околу 930.000
евра, што е околу 12.050 евра за метар квадратен.
Германските медиуми пишуваат дека купувачите морале да
издвојат осум отсто повеќе пари за стан во Минхен отколку една година порано.
Војната во Украина и зголемувањето на каматните стапки, исто
така, влијаеше на пазарот на недвижности во Минхен во 2022 година.
Вкупно лани биле реализирани само 9.287 продажби. Тоа е за
29 отсто помалку отколку во 2021 година. Што се однесува до продажбата, градот
дури забележал пад од 37 отсто или 11,9 милијарди евра. Во 2021 година тоа беше
поголем износ, односно продаден е недвижен имот во вредност од 18,8 милијарди
евра.
ФОТО: Unsplash/Grigorii Shchegolv